Јавна личност тестирала природна алтернатива за озенпик: Резултатите се воодушевувачки

Добивај вести на Viber

Новинарката Ишита Шривастава реши да го проба јужноамериканскиот пијалок познат како традиционален парагвајскиот чај, како природна и поевтина алтернатива на Оземпик. 

Додека лекот, кој првенствено е наменет за лица со дијабетес тип 2, сѐ повеќе се користи кај оние кои сакаат да ослабат, Шривастава пробала пијалок кој е достапен и се вели дека дава слични резултати. Во американските продавници едно шише чини само 3 долари, додека лименка листови од чај е околу 10 долари.

Freepik

Парагвајскиот чај, за кој се вели дека делува како Оземпик, е познат и како природен стимуланс богат со антиоксиданси. Исто така е омилен меѓу познатите личности како Џејсон Момоа, Гвинет Палтроу и Том Харди. Новинарката Ишита Шривастава решила три недели да го пие овој чај секој ден без никакви додатоци.

Секој ден варев по три грама листови во инфузер за чај, без млеко и засладувачи. Чајот беше горчлив, но сепак поблаг од обичниот зелен чај, напиша новинарката.

Нејзината почетна тежина била 60 килограми, а сакала со експеримент да види дали може да ослабе без да ја промени исхраната и физичката активност. Таа откри дека првите промени ги забележала веќе по една недела.

Иако мојата тежина не се промени значително, моето тело изгледаше и се чувствував помалку надуено, а моето варење беше целосно регулирано, рече таа.

Додала дека најмногу ја изненадило тоа што и се зголемил апетитот.

Почнав да чувствувам глад порано во текот на денот и да вечерам порано. Тоа беше знак дека мојот метаболизам се забрза, а моето тело можеби почна да согорува повеќе маснотии, заклучи Шривастава.

Сепак, и покрај позитивните ефекти, експертите предупредуваат на можните ризици од прекумерното консумирање на ваквите пијалоци. Според Medical News Today, големи количини на чајот може да содржат полициклични ароматични јаглеводороди - супстанции кои се поврзани со зголемен ризик од одредени видови на рак. Исто така, високата содржина на кофеин може да го зголеми крвниот притисок и да го забрза отчукувањата на срцето.

Извор: zena.rs