Вака се носи летото: Водителката Сања Савеска е дефиниција за летна елеганција

Добивај вести на Viber

Водителката Сања Савеска повторно покажа дека стилот не мора да биде гласен за да биде впечатлив. 

Во овој pre-summer chic изглед, таа совршено ја комбинира женственоста со удобноста, носејќи мини фустан со принт од лимони и цветови во свежи нијанси на жолта и сина – совршен избор за летните денови!

Фустанот со струкиран крој ја нагласува фигурата, додека балон-ракавите додаваат романтична нота. 

Сања го надополнува изгледот со must-have жолта торба со дебели јаже-рачки, моден детаљ кој веднаш привлекува внимание и внесува медитерански вајб.

Финалниот изглед? 

Минимална шминка, стилски златни обетки и самоуверена насмевка – комбинација што ја става токму тука: на тронот на стилот оваа недела.



ФОТО: Инстаграм