Празнична бајка за семејството Ѓоргиевски: Семејството на водителот ја почувствува магијата на Барселона
Во периодот кога ширум Европа започнуваат божиќните базари, а светските метрополи го облекуваат празничното новогодишно руво, Барселона блеска во полн сјај. Токму во овој магичен амбиент, македонскиот водител Ненад Ѓоргиевски со своето семејство уживаше во спектакуларното палење на светилките на големата новогодишна елка и целокупното празнично осветлување кое го трансформира градот во вистинска зимска бајка.
За Иво и Љупка, но и за мама и тато, ова било искуство што ќе се памети долго. Празничната атмосфера на Барселона, преполна со светла, музика и насмевки, го направил моментот уште попосебен.
А кога веќе се во срцето на Каталонија, семејството на Ѓоргиевски не пропуштиле да ги посетат највпечатливите знаменитости на градот. Прво, импресивната Саграда Фамилиј, ремек-делото на Гауди, а кога си во Барселона не се пропушта и прошетка на плажа.
Посетата на L’Aquàrium de Barcelona, за Иво и Љупка највпечатлив момент од патувањето. Возбудата продолжила со разгледување на градот од брод – едно поинакво доживување на Барселона.
За крај, како вистински љубители на спортот, го посетиле и музејот на Фудбалскиот клуб Барселона, каде што семејството се фотографирало покрај трофеите, уживајќи во атмосферата на една од најголемите фудбалски приказни во светот.
Празничниот престој во Барселона за семејството Ѓоргиевски била совршена комбинација од празнична магија, истражување и семејни доживувања што ќе останат запаметени засекогаш.
РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм