Малата Софиа прослави роденден: „Пет години љубов, радост и чудо“– Пере Нокаут со емотивна посвета
Познатиот музичар Пере Нокаут, човек кој остава силен печат на македонската музичка сцена, со гордост истакнува дека неговото најголемо богатство покрај песните, успесите или аплаузите – се и четирите прекрасни негови ќерки: Михаела, Каја, Софиа и Инес.

Овој пат, повод за радост беше петтиот роденден на малата Софиа, а Пере го сподели најемотивниот дел од славењето – семејната среќа. На социјалните мрежи објави фотографии од роденденот, придружени со посвета:

„Софиа, пет години љубов, радост и чудо. Среќен роденден, малечка!“

Роденденската забава била реализирана на отворено, во весел и безбеден амбиент. Софиа и нејзините врсници уживале во заедничка игра, смеа и дружење, додека родителите ги следеле со насмевки и гордост. Присутните најмали гости ги забавувале маскоти кои направиле дополнителна магија и радост на детскиот ден.

Албумот од роденденот кулминира со последната фотографија – нежна и симболична: Пере, неговата сопруга и четирите ќерки, заедно во кадар полн љубов. Слика што зборува повеќе од илјада зборови и ја потврдува најважната вистина за познатиот музичар – дека токму семејството е неговата најголема инспирација и најголемиот подарок во животот.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм