Билјана Дебарлиева ја омажи ќерка си Ана: Интимна венчавка во кругот на најблиските
Познатата македонска водителка Билјана Дебарлиева деновиве прослави голема семејна радост – нејзината ќерка Ана стапи во брак со својот избраник Стефан. Интимната венчавка се одржала во кругот на најблиските, во атмосфера исполнета со емоции и искрена семејна топлина.
Горд и пресреќен, сопругот на Дебарлиева, Јован, сподели фотографии од убавиот момент на социјалните мрежи:
„Од вчера си добив уште еден син!“

Ана, ќерката на Билјана и Јован блеснала во елегантен бел фустан, внимателно кроен да ја следи линијата на телото и нежно да го истакне нејзиното трудно стомаче, што дополнително ја нагласува радоста на уште еден нов почеток во семејството. Во рацете држела специфичен бидермаер со бордо цветови, модерен детал што совршено се вклопил во нејзиниот стил.
Младоженецот Стефан, кој го освоил срцето на Ана, стои покрај неа со искрена насмевка, додека гордата мајка Билјана се појавила во класични панталони и елегантно палто, со што уште еднаш го покажа својот препознатлив вкус и одмерен стил.
Венчавката, скромна но полна со љубов, ги собра најблиските пријатели и роднини, кои сведочеле на почеток на новото животно поглавје на Ана и Стефан – приказна што ветува топлина, нежност и семејна хармонија.
РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Фејсбук