Ана Костадиновска и Сара Пројковска биле една до друга на сцената кога избил пожарот во дискотеката „Пулс“, се фатиле цврсто за рака и ....

Добивај вести на Viber

Три месеци од трагедијата во Кочани, Ана Костадиновска ги одбележа со неколку фотографии на социјалните мрежи, под кои кратко напиша – НЕПРЕБОЛ.

Нé потсети на заедничките настапи со ДНК и на дружбата со членовите на бендот.

Нé потсети и на нејзината втора половина, најдобрата пријателка, другарака, придружниот вокал Сара Пројковска.

Физичкото заминување на блиските луѓе од овој свет остава голема празнина и уште поголема болка во душата. Веќе ништо не е исто како порано, а спомените како на филмско платно прелетуваат низ просторот и ги бришат жешките солзи. Кога ќе загубиш некој близок е исто како кога ќе откинеш јаболко од јаболкница. Сé е исто, само нешто недостасува.Во тие мигови тишината е најголемото засолниште.

Пејачите и музичарите се единствените што во тие мигови тагата ја претвораат во песна и така пловат низ морето наречено живот. Пеат да ги расположат другите, иво миговите кога им е најтешко.  Ана потврди дека е голем професионалец. Повторно се врати на сцената, како придружен вокал на концертот на Каролина Гочева.

Тоа беше причината да ја побараме за разговор, првпат по трагедијата во Кочани.  Првично прифати, но потоа ни одговори дека многу сака да зборува за Сара и за членовите на ДНК кои заминаа во вечноста, да ги оживее спомените за нив. Но, тагата што ја чувствува го секнува зборот што треба да го напише или проговори.

Многу нешта се непознати за најголемата македонска трагедија која се случи на 16 март во Кочани - пожарот во дискотеката Пулс кога животот го изгубија 62 луѓе. Многу прашања немаат одговори. Се зборува, се претпоставува, се дебатира.

Едно од нив е и прашањето, како Ана успеа да се спаси, а Сара да замине во вечноста, кога од снимките се гледа дека на сцената се една до друга?

Кога избувнал пожарот се фатиле цврсто за рака и почнале да се пробиваат низ толпата. Тоа е последната сцена на која Ана се сеќава. „Да, така беше.“ - ни потврди и таа.

Болката која ја чувствуваме кога ќе ја изгубиме драга личност никогаш не престанува. Разликата е во тоа што со времето учиш како да живееш со неа.

Животот ја стави Ана на најголем тест и искушение. Во временски интервал од три години го изгуби својот татко, легендарниот автор, маестро Ките Костов, својот сопруг, со кој доживеа љубовна приказна како од бајка. И своите соработници.

С.А.Н.