Така мирисал домот на нашите баби: По овој рецепт препознавале која жена е добра домаќинка

Добивај вести на Viber

Во времето на нашите баби, добрата домаќинка не се мерела по тоа колку рецепти знае, туку по тоа каков леб меси

Месeњето леб било вистински домашен тест – симбол на труд, умешност и љубов кон семејството. Жената која знаела да замеси леб што ќе биде мек, миризлив и со златна корка се сметала за вистинска домаќинка.

Во тие времиња, чистиот пченичен леб бил реткост. Поради ограничени услови, бабите често користеле пченкарно брашно, кое било поедостапно, а за да го направат тестото поповрзано и лесно за месење, додаваале малку пченично брашно

Така се создавал вкусен, здрав и хранлив леб што денес повторно станува популарен меѓу љубителите на традиционалната исхрана.

Старински рецепт за леб со пченкарно брашно

Состојки:

  • 3 чаши пченкарно брашно

  • 1 чаша пченично брашно

  • 1 лажичка сол

  • 1 лажичка шеќер

  • 1 кесичка сув квасец (или половина свеж)

  • 2 чаши млака вода

  • 2 лажици масло или маст

Начин на подготовка:

  1. Во млаката вода растворете го квасецот со шеќерот и оставете да се активира.

  2. Во голем сад измешајте ги двата вида брашно и солта.

  3. Додајте ја смесата со квасец и маслото, па замесете меко тесто.

  4. Покријте го и оставете го да стаса околу 40 минути.

  5. Потоа повторно премесете и ставете во подмачкана тепсија.

  6. Печете на 200°C околу 40 минути, додека не добие златна корка.

Таквиот леб имал мирис на дом, љубов и трпение. Денес, кога времето е побрзо, вреди да се потсетиме дека токму во едноставните рецепти се крие најголемата топлина на нашите традиции.

М.С.К / Р.Ж.М / Pexels