Сѐ повеќе Македонци се иселуваат во оваа земја: Нова држава од соништата која нуди подобри услови и од Германија и од Швајцарија

Добивај вести на Viber

Во изминатите години илјадници луѓе од Балканот ја напуштија својата татковина во потрага по подобар живот, посигурни работни места и стабилна иднина.

 Трендот на иселување не стивнува – многумина заминуваат поради повисоки плати, подобри услови за работа и чувство на поголема општествена праведност.

Најчести дестинации се Германија, Ирска и Австрија, а сè повеќе Балканци се селат и во Швајцарија, Холандија и скандинавските земји, каде работат во здравството, градежништвото, угостителството и ИТ секторот.

Иако многумина заминувањето го гледаат како привремено решение, бројот на оние што не планираат враќање расте – разочарани од ниските примања и недостигот на перспектива во земјата.

На хрватскиот „Редит“ неодамна се разви дискусија за живот во Словенија. Една девојка праша дали е лесно да се најде работа во Љубљана и колку се разликува од Загреб. Следуваа бројни коментари – од совети „немој во Ново Место“ до искуства на оние кои велат дека преселбата во Словенија била најдобра одлука во животот.

Еден корисник напиша: „Не знам зошто сите одат во Германија или Ирска кога Словенија ни е пред нос и одлична е држава.“ Друг додаде дека Словенија е „балканска Швајцарија“.

Сепак, имаше и спротивни мислења. Еден Хрват кој живеел седум години во Љубљана рече дека се вратил во Загреб, бидејќи градот е поскап, платите се само малку поголеми, а животот монотон: „Љубљана е чиста, но скапа и затворена. Сè затвораат пред полноќ, а станови под 1.000 евра нема.“

Извор /Freepik