Синот на Дејвид Бекам не му честиташе на татко му за титулата витез: Дали ова официјално е крај на хармоничните семејни односи?
Бруклин Бекам не му честиташе на својот татко за витешкиот чин. Се поставува прашањето, дали ова официјално е крај на хармоничните семејни односи на Бекамови?
Сер Дејвид Бекам призна дека „беше емотивен ден“ додека размислуваше за неговиот нов витешки чин, кој му беше врачен вчера.
Поранешниот фудбалер, 50, беше пречекан од кралот Чарлс III кога го прими витешкиот чин во замокот Виндзор за заслуги во спортот и добротворните цели. Неговата сопруга, Лејди Викторија, 51, и родителите, Тед и Сандра, го гледаа како се поклонува и клекнува пред шефот на државата, кој нежно го допре со меч на двете рамења, како што диктира церемонијата.
Трите најмлади деца на Дејвид, Ромео, 23, Круз, 20, и Харпер, 14, исто така беа присутни за да го прослават големиот ден на нивниот татко, додека Бруклин сè уште беше отсутен.
Отсуството на синот Бруклин
Се наведува дека амбициозниот готвач (26) „не стапил во контакт да му честита“ на својот татко за остварувањето на неговиот животен сон. Бруклин бил зафатен со промоција на својот бренд лут сос во исто време кога Дејвид ја добивал титулата витез.
Се верува дека Бруклин останал целосно фокусиран на промоција на својот лут сос „Cloud23“ и не одговарал на прашања за своето семејство, пишува „Дејли меил“.
Весникот „Сан“ објави дека Бруклин бил надвор од контакт со својот посветен татко поради болен семеен конфликт.
Сега се поставува прашањето, дали овој чин на синот на Бруклин е последната шајка во ковчегот на добрите семејни односи на Бекамови?
Емотивниот ден на Бекам
Размислувајќи за својот ден, Дејвид изјави за јавноста дека тоа бил ден „полн со емоции и солзи“.
Тој рече: „Денес беше толку емотивен ден - искрено, повеќе емоции отколку нервоза. Имаше неколку солзи и многу емоции. Беше многу посебен ден. Тоа е нешто на што сите можеме да бидеме горди како семејство денес“.
„Денес моите родители се овде, мојата сопруга е овде да прослави со моите деца, и тоа го прави овој ден многу емотивен“, додаде тој.
„Да се добие толку важна чест од Неговото Височество Кралот - еден од најелегантните луѓе и некој од најважната и најпочитуваната институција во светот.“
Минатата недела, родителите на Бруклин навестија дека потенцијално помирување може да биде на повидок, фалејќи ги кулинарските вештини на нивниот отуѓен син.
И покрај расправијата, Викторија и Дејвид продолжија да го поддржуваат својот син од далеку и минатиот четврток го „лајкнаа“ неговото ново видео на Инстаграм на кое прави палачинки со млеко за неговата база на обожаватели.