Утре св. Лука се слави со посна петочка трпеза: Идеи како домаќинките да направат вистинско чудо на маса со малку пари и состојки

Добивај вести на Viber

Православните верници го одбележуваат Свети Лука – Луковден на 31 октомври, а годинава овој ден „паѓа“ во петок, па затоа се препорачува посна трпеза.

Свети апостол и евангелист Лука

Свети Лука зазема посебно место во христијанската традиција. Роден во Антиохија, бил Грк по потекло, лекар, уметник и проповедник кој го посветил животот на ширење на верата и помагање на луѓето.

Во православната традиција, неговиот ден се слави на 31 октомври, познат како Луковден – празник што го симболизира светлината, исцелението и духовната сила.
Бидејќи годинава празникот се паѓа во петок, се препорачува посна трпеза.

Посни печурки со лук

Состојки:

  • 500 г шампињони

  • 3 чешниња ситно сечкан лук

  • 2 лажици маслиново масло

  • Сол, бибер, сок од половина лимон

  • Свеж магдонос

Приготвување:

Загреј ја рерната на 200°C. Печурките измиј ги и нареди ги во плех, полевај ги со масло и додај лук. Зачини по вкус – бибер, оригано, тимјан. Печи 15–20 минути додека не заруменат, потоа прелиј со лимонов сок и посипи со свеж магдонос.

Посни полнети сушени пиперки

Состојки:

  • 10 сушени црвени пиперки

  • 1 чаша ориз

  • 1 морков, 1 главица кромид, 2 чешниња лук

  • 1 рендан домат

  • Алаба пипер, сол, бибер, масло

Приготвување:

На масло запржи кромид, лук и морков, додади ориз и домат. Кога филот ќе се згусне, полни ги претходно потопените пиперки. Нареди ги во тенџере, додади вода до половина и вари околу 40 минути.

Посен грав 

Состојки:

  • 1 кг грав тетовец

  • 3–4 главици кромид, неколку чешниња лук

  • Ловоров лист, бибер

Запршка:

  • 300 г кромид или праз

  • Масло, меленa пиперка, сол и бибер

Приготвување:

Гравот потопи го преку ноќ, потоа вари го со ловор и бибер околу 1 час. На масло запржи кромид, додај пиперка и зачини, па прелиј го гравот. Печи во рерна 20–30 минути на 180°C.

Посната трпеза за Луковден е симбол на смиреност, благодарност и духовна чистота – ден за семејна молитва и радост.

Извор / Фото: ЖМ Архива - Pexels