Од бабината тетратка со рецепти до дигитална приказна: Емилија Мурџоска ја враќа традиционалната храна од детството преку „Вкусот на дома“
Во време кога брзината често го диктира секојдневието, а традицијата лесно се губи меѓу новите трендови, Емилија Мурџоска успева да нè потсети на вкусот што сите го носиме длабоко во себе – вкусот на дома.
Таа стои зад инстаграм - профилот „Вкусот на дома“, место каде оживуваат рецептите што ги паметиме од кујните на нашите мајки и баби, пренесени со топлина, љубов и модерен сензибилитет. Неодамна прогласена за добитничка на признанието „New Star Food Influencer Award – 2025“, Емилија ја претвора семејната традиција во инспиративна дигитална приказна. Љубовта кон готвењето ја носи уште од детството, кога ја набљудувала совршено усогласената кулинарска магија на мајка ѝ и баба ѝ, а денес таа магија продолжува преку бабината тетратка со рецепти – нејзината неисцрпна инспирација. На нејзиниот профил се среќаваат традиционални јадења што враќаат спомени од детството и брзи рецепти создадени за модерниот ритам на живот, секогаш со нејзин препознатлив печат. А кога станува збор за омиленото јадење, Емилија без двоумење ќе каже – сармата, во секое време.

Во продолжение запознајте ја Емилија, која може да ви биде инспирација да засукате ракави, ставите престилка и да започнете со кулинарската магија во вашиот дом.
ЖМ: Како започна твојата љубов кон готвењето? Дали постои некој момент или личност што те инспирираше да го отвориш профилот „Вкусот на дома“?
Емилија: Паметам дека уште кога бев мала имав голема желба да гледам како мајка ми и баба миготват. Во мојот дом секојдневно имаше домашно зготвена храна. Мајка ми секогаш одшколо нè пречекуваше со нешто месено, а со баба ми заедно го правеа ручекот. Тоа мибеше омилениот дел од денот. Секогаш се восхитував како без никакви мерки можат дапогодат сè да биде зготвено до перфекција и да биде толку вкусно. И верувам дека токмупреку тоа гледање се роди мојата љубов кон готвењето.
Идејата да отворам нешто ја имав долго време на ум, можам да речам околу 5–6 години.Во тие години пробав да се пронајдам себеси на различни начини. Но секогаш нешто меспојуваше со готвењето. И ниедна работа не ме исполнуваше како времето поминато вокујна.
Идејата првично беше моја, и да бидам брутално искрена, се плашев да ја споделам,затоа што претходно сум имала работи кои сум ги пробала, па не ми успеале - и сеплашев да не наидам на осуда. Но, напротив, добив максимална поддршка од сите моиблиски, иако знам дека можеби половина од нив не ја гледаа целосната визија во тојмомент.

ЖМ: „Вкусот на дома“, од каде дојде идејата токму така да се вика твојот Инстаграм профил?
Емилија: Со партнерот долго размислувавме на ова прашање. Всушност, работата околу профилотја делиме пола-пола кога е во прашање „Вкусот на дома“. Двајцата имавме направенолиста со имиња што ни звучеа интересно, а на крај се одлучивме за „Вкусот на дома“ - мислам дека тоа беше негова идеја.
Во ова ново време каде што сите брзаме некаде и немаме многу време за готвење некакосе оддалечивме од домашната храна и традиционалните вкусови. Со името сакавме да говратиме тоа чувство - нешто познато и топло, храна што не мора да биде комплицираназа да биде добра, туку да буди емоција и спомен.
ЖМ: Голем дел од твоите рецепти се традиционални. Дали се од некоја „бабина тетратка“, семејни рецепти или сами ги креираш?
Емилија: Дел од традиционалните рецепти се од тетратката на баба ми и мајка ми, а всушностнивните тетратки се толку богати што имам уште многу рецепти што сакам да гисподелам.
Секако, имам и свои рецепти кои ги готвам и усовршувам со години, како сармата, тавчегравче, домашното лепче и многу благи работи. И кај рецептите од баба ми внесувамсвои прилагодувања - на пример грамажи, текстура на тесто или мали трикови заподобар резултат што јас сум ги научила - така што секогаш има мој потпис во крајниотвкус.
ЖМ: На твојот профил има комбинација од солени и благи специјалитети. Штоповеќе обожуваш да подготвуваш – благо или солено?
Емилија: Сакам да готвам и благо и солено, ама понекогаш благите работи ми се поинтересни ипоголем предизвик за спремање, иако понекогаш не се најдобри пријатели со мене. (се смее)
Некои рецепти не ми излегуваат како штом сум замислила од прв пат, но ако навистинасакам да научам како се прават, не се откажувам додека не излезат совршено.
ЖМ: Дали имаш омилено јадење што најмногу сакаше да го готвиш уште одмала? Кој е рецептот што би те опишал како личност?
Емилија: Моето омилено јадење уште од мала е сарма, без размислување. Не можам да замислампразнична трпеза без неа, а искрено би можела да јадам сарма во било кое време.Незнам дали би можела да кажам дека има рецепт што би ме опишал како личност.
Емотивна сум, па напоредно со тоа сакам јадења што бараат време и посветеност иљубов како најбитен зачин во нив. Давам многу од себе, особено кога готвам засемејството, затоа што храната ми е начин да покажам грижа, љубов и поврзаност солуѓето околу мене.
ЖМ: Колку време просечно ти е потребно од подготовка до финално видео?Дали има моменти што не ги гледаме, а се предизвикувачки?
Емилија: Ова е нешто што сите ги зачудува кога ќе им кажам, но најчесто еден рецепт ни одзема7–8 часа активна работа. Во зависност од рецептот, некогаш снимањето одзема 4–5 часа,а монтажа, едитирање и креирање на креативниот концепт уште 2–3 часа.
Не секогаш работите одат под контрола. Последно се сеќавам дека истурив едно крем-бруле кога го вадев од топлата вода во која се готвеше.Што се однесува до неуспешни рецепти, сум имала многу во минатото, но не премногуоткако ја започнав страницата. Долго време се мачев да научам како да направам добротесто за профитероли, еклери и принцес крофни, но затоа сега знам точно во кој делтреба да внимавам, каде можам да згрешам и слично.Јас генерално сум многу пребирлива со тоа што ќе објавам на страницата, особено затоашто сакам сè што ќе објавам да биде правилно зготвено и убаво за мене, бидејќи знамдека ако јас го сакам, ќе го сакаат и тие што ме следат.Дури и сум подготвена да не објавам ништо отколку да објавам нешто што знам дека можамда го направам подобро.
ЖМ: Кое јадење на твојот профил е најлајкувано или најкоментирано? Штомислиш, зошто токму тоа им се допадна на луѓето?
Емилија: Тоа се питулиците кои ги споделив пред неколку денови, како последен рецепт за крај насеријалот каде споделував посни рецепти секој ден. Мислам дека им се допаднаа затоашто се прават на многу едноставен начин, буквално во тавче за палачинки, а се нештошто е навистина врежано во нашата традиција.
ЖМ: Дали имаш некој совет за оние што штотуку почнуваат да готват, но немаатголема самодоверба како да ја надминат?
Емилија: Мојот најголем совет е да не се откажуваат - како и за сè друго во животот. Јас сум серазочарувала многу пати кога не ми испаднал рецепт, но секогаш има причина зоштонешто не испаднало како што треба; само треба да ја најдеме таа причина.
Друго што мислам дека е важно е дека она што го прават треба да го прават со многуљубов и внимание. За нас што сме самоуки готвачи и немаме завршено образование затоа, многу е корисно да читаат добри книги за готвење кои ќе ги инспирираат дапробуваат нови работи.И секако, да научат техники на готвење, најбитно како да сечат и како правилно да држатнож во рака. За мене, ако нешто е битно, тоа е сè да ми биде исецкано до перфекција.
ЖМ: Кој е најголемиот предизвик да се биде food-content креатор денес? Штобара најмногу време – готвењето, снимањето или објавувањето?
Емилија: Мислам дека сите три се големи предизвици сами по себе и секое бара различен виденергија и концентрација. Јас најмногу се снаоѓам во кујна, но снимањето и едитирањетоимаат свои сопствени тешкотии. Среќна сум што имам партнер кој има многу искуство соснимање, едитирање и креирање на идеи и концепти, по кои се водам, па заедно можемеда ги покриеме сите аспекти.Би рекла дека најмногу време одзема готвењето, особено кога е некој подолг рецепт. Ноако ги соберам заедно готвењето, снимањето и објавувањето, одприлика времето еприближно исто.
ЖМ: Кој рецепт би го издвојувала како најемотивно поврзан со твоето детство?
Емилија: Тоа би било тараненик со домашно кисело млеко. Се сеќавам дека секогаш кога одевмекај баба ми (на мајка ми мајка) додека бев мала, наутро ни подготвуваше тараненик илијуфки/губи со сирење и кечап. Секогаш кога го правам сега, ме враќа во тие моменти и миноси топлина и носталгија од детството.

ЖМ: Кои се твоите омилени кујни или светски вкусови што сакаш да ги внесешво твоите рецепти?
Емилија: Не би можела да издвојам една кујна како омилена, но би рекла дека најмногу ја сакаммедитеранската кујна. Исто така, имам многу рецепти инспирирани од мексиканскатакујна кои допрва сакам да ги споделам.Исто така, имам многу спомени од моето последно патување во Шпанија, особено задобар Шпански омлет со компири и тапас, како и многу други рецепти што ми останале воум и сакам да ги споделам. Верувам дека вредат да се пробаат и дека можат да серекреираат дома.
ЖМ: Какви рецепти или формати планираш да воведеш во иднина на „Вкусотна дома“? Подготовки без печење, брзи рецепти, традиционални јадења…?
Емилија: Дефинитивно, и секогаш ќе има традиционални јадења. Но следно би сакала да споделами голем дел здрави и избалансирани рецепти - наши македонски традиционални јадењакои можат да се подготват на малку поздрав начин. И сигурно ќе има многу рецепти завкусни главни јадења, затоа што на крајот на денот тоа што ни претставува најголемпредивик секојдневно на голем дел од нас е што да зготвиме за ручек.
ЖМ: Што би препорачала на една новогодишна трпеза? Кои јадења споредтебе се идеални за празнична атмосфера? Дали може да споделиш некои рецепти?
Емилија: Сарма со суво месо ми е број еден за празнична трпеза. Потоа следува добра погача, ајас особено ги сакам и овие меки лепчиња, кои може да ги направите однапред и да гизамрзнете. Некое печено месо, може и руска салата, но јас преферирам салата сопавлака и фета сирење. Секако, мора да има и добар десерт - за зима би избралаовошна торта со банана и киви или трилече.
Скоро започнуваме со многу празнични рецепти, па дел од овие што ги набројав ќе сенајдат на мојот профил. А за сега, ви го оставам трилечето и меките лепчиња кои веќе гиимам споделено за да ги пробате.
ЖМ: Ако треба да издвоиш еден рецепт што секој мора барем еднаш да гопроба од твојот профил – кој би бил
тоа и зошто?
Емилија: Дефинитивно, рецептот за мусака. Тоа е мојот омилен рецепт за ручек или вечера, инавистина го препорачувам секому барем еднаш да го проба. Многу е поразличен одтрадиционалната мусака што ја подготвуваме тука, а е толку добра. Секој елемент такадобро се вклопува што крајниот резултат е буквално како да јадете нешто од ресторан.
Габриела Додевска Глигоровска