„Нема јавен превоз во моето село, па само мажите одеа на работа, а жените беа дома со децата“: Вредните раце на Живка Ѓурчиновска од обработлива земја направија уметност!

Добивај вести на Viber

Живка Ѓурчиновска е една од ретките жени која одбила да ги следи современите трендови и успеала да ја задржи семејната традиција, но и да ја унапреди и прошири.

Семејниот бизнис со земјоделство го наследила од родителите на нејзиниот сопруг. Вредните раце на оваа жена и нејзиното семејство ги имаат посеано сите 10 хектари обработлива почва и се грижат за нивно одржува, применувајќи современи семјоделски машини. 

Вели дека иако било нејзин личен избор да се занимава со земјоделство, пресудиле и околностите, бидејќи во нејзиното село Тумчевиште, жени не оделе на работа, бидејќи немало јавен превоз. Во недостиг на можности да ја изрази својата работна енергија и креативна сила, таа од она што се наоѓало во нејзина близина направила вистинска уметност на трудољубивоста. 

-Повеќе од 20 години се занимавам со земјоделие. Сејмеен бизнис кој го наследив од родителите на на мојот сопруг. Имаме 10 ха обработлива земја и сопствена механизација. Покрај житни култури имам посадено и лешници. Селото каде живеам е одалечено 2 км од автопатот и 5 км од градот. Нема јавен превоз па само мажите одеа на работа во градот а жените се грижеа за домот и децата, вели Ѓурчиновска за „Женски магазин“.

Иако со својот пример, докажува дека кога се сака она што се работи, целиот космос работи во посебна хармонија да ги организира работите во совршен ред, Живка сепак не е оптимист дека земјоделието во Македонија ќе има некој иднина, бидејќи како шти и самата вели, младите не сакаат да ја работат оваа дејност. 

-Младите не ја сакаат оваа дејност според мене од повеќе причини. Тешка и макотрпна работа на сонце по цел ден на нива. Нема загарантиран пласман и откуп на производите. Климатските промени влијаат на производите. Може да работат само како дополнителна дејност, вели таа. 

На прашањето дали земјоделецот треба да има поголема видливост од државни институции, барем кога е во прашање остварување на право на социјално, пензиско осигурување и платено породилно отсуство и земјоделието да се смета за платен труд, а не сива зона на економијата која дополнително ги става во дискриминирана положба земјоделците, Живка вели:

-Во тој поглед земјоделецот е оставен сам на себе. Ако не плаќаат пензионо и здраствено нема да имаат пензија, а и здраството им е приватно немаат боледување а жените пак немаат ни породилно боледување.

Живка Ѓурчиновска е редок пример за жена која го зачувала семејниот агробизнис и вложила две децении труд во обработка на 10 хектари земја. Иако со личен пример покажува дека земјоделието бара љубов и посветеност, таа е песимист за неговата иднина поради тешките услови, недостигот на пласман, климатските промени и слабата институционална поддршка. 

Ѓурчиновска укажува дека земјоделците се оставени сами на себе, без соодветна социјална и здравствена сигурност, што дополнително ја намалува привлечноста на оваа дејност кај младите.

М.С.К