Бил Декан, завршил во затвор во Идризово, од Управата велат „Не е за тука, ама не знаеме што да правиме без него“ (ВИДЕО ИНТЕРВЈУ)
Го сретнавме во затвор, самиот ни кажа дека бил Декан на престижен македонски факултет, има напишано повеќе книги, одошто еден просечен граѓанин во Македонија може да прочита за сиот свој живот.
Од Управата велат дека има загрозено психичко здравје, скоро да нема реченица која може да ја заврши без да се расплаче. Како и надвор во општеството, така и во затворот не се откажал да го работи тоа што цел живот го работи, професор е, држи настава на други затвореници, а дел од нив дури и ги описменува.
Иако говореше љубезно со редакцијата на „Женски магазин“ бараше идентитетот да му е заштитен. Сепак вели, затвор не е пријатно место за средба, особено за човек кој целиот свој живот уживал углед поради своето образование и професијата што ја обавувал.
Од Управата, пак велат дека има одлично поведение, нарушено здравје, не е за таму велат, ама така судот одлучил, го донеле во затвор иако тој по ништо не е сличен со типичните образци на однесување што ќе ги сретнете кај осудените лица, дури и кога имаат добро поведение во затворите.
Денеска се наоѓа во полуотвореното одделение во КЗУ Идризово, а од Управата велат дека иако се свесни дека тој затвореник не е за такво опкружување, просто не би знаеле што да прават без него. Толку е корисен за затворската заедница, што е директно вклучен и во процесот на образование, описменување, едукација, па дури и ресоцијализација.
Како што самиот кажува, еднаш професор засекогаш професор и во неговото одделение има коректен однос со сите затвореници, кои му се обраќаат со должна почит и внимаваат на неговото здравје.
Чудно е колкав степен на човечност и солидарност може да постои помеѓу затворениците вели, тие имаат некоја посебна етика која навистина вреди да се истражува од социолошки аспект.
Јавноста го следеше судскиот процес кој беше прогласен за контроверзен. Од една страна луѓето сметаа дека е правично професори да бидат осудени за примање на мито, но од друга страна луѓе што ја оштетиле државата и народниот буџет со милиони добиле помали казни затвор.
Каде е правичноста во целата приказна, досудил судот. А судските одлуки не би требало да се коментираат. Но она што е факт е дека поранешниот професор, дури и во затворот сепак не престанал да биде тоа што целиот живот бил - токму професор, подучувач и едукатор, иако сега не прима никаква парична надомест за тоа.
А како го поминува своето слободно време и што прави во затворот најчесто послушајте го разговорот во продолжение:
Магдалена Стојмановиќ - Константинов