Ова е највкусната и најздравата варијанта на домашен „сникерс“: Со 3 состојки за 10 минути до десерт каков што не сте пробале никогаш

Добивај вести на Viber

Ако сакате нешто слатко, но без грижа на совест – ова е вистинскиот рецепт за вас! Домашниот „сникерс“ се подготвува со само три основни состојки, а вкусот е толку богат и кремаст што ќе го направите повеќе пати оваа зима.

Потребни состојки:

  • 1 тегла путер од кикиритки

  • 400 грама урми (мек тип, како медџул)

  • Темно чоколадо

  • Крупна сол – прстофат

Подготовка:
Урмите исечете ги на половина и извадете ги семките. Наредете ги на рамна површина обложена со хартија за печење. Во секоја половина ставете половина лажичка путер од кикиритки, па внимателно затворете ги урмите.

Во меѓувреме растопете го темното чоколадо на пареа или во микробранова печка. Урмите потопете ги во чоколадото, наредете ги повторно на хартијата и посипете ги со неколку зрнца крупна сол.

Оставете ги во фрижидер 10–15 минути да се стегнат – и вашиот домашен, здрав сникерс е подготвен! Без шеќер, без печење, но со многу вкус и задоволство.