Згоден, шармантен и ја носи титулата „љубоевн гуру“: Џенифер Анистон конечно го покажа момчето

Добивај вести на Viber

Се шпекулираше дека се во врска од август, а сега е јасно дали гласините се точни

Џенифер Анистон конечно го потврди она што се шпекулираше со месеци, актерката официјално е во врска со хипнотизерот и мажот за кој се шпекулира дека е „љубовниот гуру“, Џим Кертис.

Актерката сподели црно-бела фотографија со него на Инстаграм, на која го прегрнува силно, одзади, а тој не ја трга насмевката од лицето. Видеото, снимено покрај прозорецот во ноќна средина, открива ретка и интимна страна од животот на Џенифер, која таа вообичаено внимателно ја крие од очите на јавноста.

Сепак, она што најмногу ги возбуди обожавателите беше описот на фотографијата:

- Среќен роденден, љубов моја. Драгоцена.

View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)



Само неколку зборови беа доволни за да предизвикаат вистинска бура од емоции на социјалните мрежи.

Ова е прв пат Џенифер јавно да ја признае својата романса со Кертис, а многумина забележаа дека изгледаат совршено заедно. Џим е познат и како „трансформациски тренер“ и често зборува за самодовербата и љубовта кон себе.

Во неодамнешно видео на Инстаграм, кога го прашале за пронаоѓањето љубов во неговите четириесетти години, тој рекол:

- Барајте љубов исто како што баравте на 22 години - само со поголема самодоверба и автентичност. Отворете се, насмевнете се, поврзете се со луѓе… и најважно од сè, сакајте се себеси. Кога се сакате себеси, привлекувате љубов.

Романсата меѓу Џенифер и Џим наводно трае од август, кога биле забележани на одмор и ручање заедно со нејзината блиска пријателка Кортни Кокс.

Во една од нејзините летни објави, актерката објави серија фотографии со натпис „Ти благодарам лето“, а внимателните обожаватели не ја пропуштија снимката на која се гледа задниот дел од главата на мистериозниот маж.

Потоа коментарите ги преплавија мрежите: - Заслужуваш среќа, Џен!

Потоа двајцата беа фотографирани на јахта покрај брегот на Мајорка, во друштво на Џејсон Бејтман и неговата сопруга Аманда Анка, што само ги поттикна шпекулациите.

Конечната потврда дојде кога Џим се појави на 10 септември на премиерата на новата сезона на „Утринското шоу“ за да ја поддржи Џенифер, сега официјално негова партнерка.



РЖМ/ИС  -  ФОТО: Инстаграм