Сѐ што не е добро, Кина го пласира на нашиот пазар: Лабубу кај нив биле забранети дури во 2023 година

Добивај вести на Viber

Ова симпатична, но и малку чудна играчка – Лабубу, мал кадифен вилељак со долги уши и мистериозна насмевка – се пресели во речиси секој дом каде што има деца. 

Но сè почесто се поставува прашањето: дали е таа навистина безопасна и какво влијание има врз најмалите?

Лабубу, кој потекнува од серијата илустрации „Чудовишта“ на хонгконшкиот уметник Касинг Лунг од 2015 година, денес е глобален хит. Се продава како колекционерска фигурa, привезок или кадифена играчка, со цени од 20 евра па до неколку стотици евра за ретки изданија.

View this post on Instagram

A post shared by Labubu Srbija (@labubu.srbija)


Славата ја стекна преку таканаречените „мистериозни кутии“, каде купувачите не знаат која верзија ќе ја добијат – што создава чувство на возбуда и желба да се соберат сите. Токму тој елемент на изненадување ја зголеми популарноста, особено меѓу децата.

Сепак, кинеските власти предупредуваат дека овој концепт може да поттикне зависност кај малолетниците. Веќе во 2023 година беше забранета продажбата на вакви производи на деца под осум години, а сега се разгледуваат уште построги контроли и надзор на пазарот.

Реакцијата веднаш се одрази на берзата – акциите на компанијата Pop Mart, која ги произведува Лабубу фигурите, паднаа за повеќе од 10% за два дена. И покрај тоа, Pop Mart останува гигант во индустријата на играчки, со продажба од 1,6 милијарди евра во 2023 година и вредност од над 33 милијарди евра – повеќе од познатите американски компании „Мател“ и „Хасбро“.