Најдобар избор за појадок: Ова е единствениот вистински рецепт за „селска“ проја

Добивај вести на Viber

За многумина, појадокот е извор на енергија за остатокот од денот. Денешните домаќинки често користат модерни рецепти, но има еден што е над сите...

Оригиналната старомодна проја се прави од грубо мелено пченкарно брашно, сол и вода. Пројата е суштински дел од многу кујни каде што се служи како предјадење. На прославите, пројата се служи и со подварок и сарма.

Состојки:

- 350 - 400 г пченкарно брашно

– 1 чаша млака вода

- 1 прашок за пециво

- сол

- маст за подмачкување на тавата

Подготовка:

Во брашното истурете прашок за пециво, сол по вкус и млака вода (малку поголема чаша вода). Смесата треба да биде погуста од онаа за палачинки, па додадете вода по потреба.

Истурете ја смесата во тава намастена со маст (или масло ако постите) и ставете ја во претходно загреана рерна на 200 степени и печете околу 15-20 минути.

Испечената проја испрскајте ја со вода, покријте ја со кујнска крпа и оставете ја да се олади.


РЖМ/ИС - ФОТО: Принтскрин