Словачки нутриционист откри дека Балканците не треба да земаат дополнителни пробиотици и електролити во зима: Здравјето доаѓа со чаша од бурето
Познатиот словачки нутриционист Гули Фен во својата последна анализа посветена на зимската исхрана во Европа истакнува дека Балканците несвесно внесуваат идеална дневна доза на пробиотици, витамин К и електролити – само преку една чаша расолница дневно.
Според него, ова традиционално пијалок – кој се добива од ферментација на зелка или краставици – има неверојатни својства што го зајакнуваат имунитетот, ја регулираат дигестијата и го одржуваат електролитниот баланс на организмот.
„Во многу европски земји луѓето трошат стотици евра на суплементи, додека на Балканот здравјето се чува со она што доаѓа директно од бурето,“ изјавил Фен.
Расолницата, според истражувањата што ги презентирал, содржи природни млечно-киселински бактерии кои го обновуваат цревниот микробиом, витамин К што го зајакнува кардиоваскуларниот систем, како и калциум, магнезиум и натриум – неопходни електролити за правилна работа на мускулите и нервниот систем.
„Не е случајно што Балканците традиционално ја пијат расолницата наутро или после оброк. Таа не само што помага при варење, туку и природно го детоксицира телото,“ нагласува Гули Фен, додавајќи дека единствен суплемент кој навистина е потребен во зимскиот период е витамин Д, поради недоволното изложување на сончева светлина.
Според овој нутриционист, токму расолницата е причината зошто Балканците полесно ја поднесуваат зимата и ретко страдаат од сезонски настинки.
b92/Freepik