Јадела 3 суви сливи секој ден пред појадок: Еве што се случило со нејзиното тело по еден месец

Добивај вести на Viber

Јадењето сливи наутро е еден од најлесните начини да му подарите енергија и здравје на телото уште од самиот почеток на денот. Ова овошје, богато со антиоксиданси, витамини и влакна, има неверојатно позитивно влијание врз варењето, коските и општата виталност.

Сувите сливи се вистинско богатство на здравјето – траат со месеци, задржувајќи ги сите корисни состојки на свежото овошје, но во поконцентрирана форма. Благодарение на сорбитолот и растителните влакна, тие имаат природен лаксативен ефект и го подобруваат варењето, што е една од главните причини зошто нутриционистите ги препорачуваат наутро.

„По само еден месец, забележав колку подобро функционира моето варење, чувствував полесност, повеќе енергија и дури ми се подобри и сонот,“ вели жената која секое утро го започнувала со 3 суви сливи пред појадок.

Научните истражувања го потврдуваат тоа искуство. Сливите се богати со калиум, витамин К, магнезиум и железо, а нивните антиоксидантни соединенија – неохлорогена и хлорогена киселина – го штитат телото од слободни радикали и помагаат во одржување на здрава коскена маса.

Покрај тоа, редовното консумирање сливи ја подобрува концентрацијата, го поддржува имунитетот и може да помогне во превенција од невродегенеративни болести како Алцхајмерова и Паркинсонова.

Најдобро време за нивно јадење е наутро, пред појадок, кога телото најмногу ги апсорбира антиоксидансите и природните шеќери од ова овошје. Така се поттикнува варењето, се прочистува организмот и се добива енергетски поттик за цел ден.

Сувите сливи се, без сомнение, едно од наједноставните, но најефикасни секојдневни чудa на природата – мали плодови со голема сила за здравјето.


РЖМ/ИС  - ФОТО: AI