„Кога ќе влезете во еден дом, погледнете ги цвеќињата, тие откриваат дали во семејството владее љубов или токсични односи“: Енерготерапевтка Соња Велјанова со важна порака
Во многу култури и традиции, се верува дека растенијата не се само украс во домот, туку и живи организми кои реагираат на енергијата на луѓето околу нив.
Некои од нив, според експертите за фенг шуи и љубителите на ботаниката, се особено чувствителни на атмосферата во семејството. Ако во домот има хармонија, тие цветаат и напредуваат. Но, кога владеат тензии и стрес, нивната појава може драстично да се промени.
Како човек кој долги години работи со енергија и помага на луѓето секојдневно се сретнувам со различни состојби во сегментот на енергија и простор. Сѐ околу нас е всушност енергија. Но најчесто не секој во домот во денешно време на брзо живеење може да се пофали со чист дом и чиста енергија, вели енерготерапевтката Соња Велјанова за „Женски магазин“.
Таа додава дека дом без цвеќиња е како тело без душа, а цвеќињата најдобро ја одразуваат енергетската состојба на домот и меѓусебните односи во семејството. Доволно е да ги погледнете цвеќињата во нечиј дом и ќе ви стане јасно за каква меѓусебни односи станува збор.
Човекот во себе преку сопствената вода собира позитивни и негативни енергии кои понатаму влијаат во целокупниот човечки живот. Во домот цвеќињата најмногу ја чувствуваат енергијата. Јас секое утро со моите цвеќиња имам разговор во кој им кажувам колку се убави и чисти и колку ми значи нивната убавина и постоење. Ги допирам, ги галам и им давам позитивни зборови и мисли. Цвеќињата сакаат мир, спокој и нежна музика. Кога во домот има чиста енергија се е поубаво, љубовната енергија го храни и телото и душата но и се што е во просторот околу човекот. Кога го полеваш цвеќето со вода, водата треба да ја благословиш со љубов. Семејните односи се многу важни зошто се влијае на енергијата и хармонијата во домот. Сѐ е поврзано со енергија и сѐ е енергија. Допирот, погледот, насмевката и мислата како некажан збор сѐ е енергија, а љубовта е круна во секој дом, додава таа.
А еве кои цвеќиња најдобро ја одразуваат енетијата во домот
Спатифилум (Peace Lily)
Оваа елегантна билка со бели цветови често се нарекува и „цвеќе на мирот“. Спатифилумот е познат по тоа што го прочистува воздухот, но според верувањата, тој апсорбира и негативна енергија.
Ако во семејството има конфликти или напнатост, растението може да почне да венее, дури и ако редовно се полева. Се смета дека кога повторно ќе процвета, тоа е знак дека мирот се вратил во домот.

Сансевијера (Snake Plant)
Оваа отпорна и елегантна билка често се нарекува и „чувар на домот“. Сансевијерата е симбол на сила и стабилност. Се верува дека апсорбира негативна енергија и создава заштитен штит околу семејството.
Ако атмосферата е нарушена или луѓето во домот се во кавга, нејзините лисја може да станат меки или да ја изгубат својата форма.

Жадна трева (Jade Plant)
Во источните традиции ова растение се поврзува со богатство и просперитет, но и со емоционална стабилност. Се вели дека жадната трева цвета и расте особено добро кога луѓето во домот се во добра енергетска рамнотежа и има меѓусебна поддршка. Ако растението почне да го губи сјајот, тоа може да биде сигнал дека хармонијата е нарушена.

Иако овие верувања немаат научна потврда, многумина кои ги негуваат овие растенија велат дека нивното „однесување“ навистина ја одразува енергијата во домот. Затоа, можеби следниот пат кога ќе видите дека вашето цвеќе венее, запрашајте се — дали можеби нешто во атмосферата на домот треба да се смири?
М.С.К за „Женски магазин“