Глумеше заедно со Тијана Дапчевиќ, а децата го познаваат од „5+ Фамилија“: Се појави ретро фотографија од овој македонски актер
Постојат фотографии кои не се само слики – тие се времеплови. Една стара, малку избледена фотографија знае да го врати мирисот на лето, звукот на младоста, насмевките на оние што одамна не сме ги виделе. Ретро фотографиите не се само потсетник на минатото, туку и чувство, она топло нешто што нѐ потсетува на едно поедноставно, побавно и посрдечно време.
Во нив гледаме спонтани моменти, погледи без филтри, мода без тенденции, љубов без претенциозност. Тие се сведоштво за денови кога секоја слика имала душа – кога секој клик бил промислен, а секоја насмевка вистинска.
Гледајќи ги денес, ретро фотографиите не потсетуваат кои сме биле и што сме станале, но уште повеќе – кои сме сонувеле да бидеме.
Една таква фотографија сподели македонскиот актер Игор Ангелов, со неговото семејство. На фотографијата Ангелов е со неговата сопруга Евдокија и синовите, Андон и Јаков.
Анеглов повеќе од 30 години е заедно со неговата сопруга
со која ги имаат синовите кои веќе се тинејџери.
Во интервју за Женски магазин зборуваше за неговата најголема животна поддршка,
а тоа е сопругата.

„Ако не беше таа немаше да бидам јас. Сѐшто сум јас е благодарение на нејзе и секогаш е до мене, околу мене, и со мене. А нејзината поддршка е мој поттик“.
Ова е фотографија што мириса на спомени – кога една хартија вредеше повеќе од илјада пиксели.
РЖМ - Г.Д.ГФото: Инстаграм