Страствен бакнеж на победата: Ѓорѓиевски и сопругата Мартина во емотивен момент
По објавувањето на резултатите од локалните избори, вчеравечер Скопје го доби својот нов, но веќе добро познат градоначалник – Орце Ѓорѓиевски. Со освоениот втор мандат од четири години, но оовј пат за Град Скопје, Ѓорѓиевски ја потврди довербата на граѓаните и најави дека во следниот период ќе продолжи со визијата за современ, уреден и достоинствен главен град.
Прославата на победата, која се одржа во присуство на поддржувачи, соработници и пријатели, ја обележа емотивен момент – страсниот бакнеж што градоначалникот го сподели со својата сопруга Мартина. Тие се во брак речиси 15 години, а нивната блискост и взаемна поддршка се пример за стабилен семеен и партнерски однос.
Во едно неодамнешно интервју за „Женски магазин“, Ѓорѓиевски зборуваше токму за таа поддршка, истакнувајќи ја Мартина како негова најголема сила и советник во животот и работата:
„Мојата сопруга, Мартина, е неизоставен дел од мојот личен и професионален пат. Во последните 13 години, таа ми е и сопруга и мој најголем советник и поддржувач. Нејзините идеи, но и конструктивни критики, за кои знам дека се најдобронамерни, се мој коректив во работата на кој секогаш можам да се потпрам. Бескрајно сум благодарен и за грижата за домот и за разбирањето, за флексибилноста во распределбата на обврските кои се поголеми откако сум градоначалник. Се трудиме заедно со нашиот Ведран да поминуваме што повеќе квалитетно време и да градиме убави заеднички спомени. Тие се мојот неисцрпен извор на поддршка, љубов и инспирација.“
Со новиот мандат, пред Ѓорѓиевски стојат сериозни предизвици – да го врати сјајот на културниот живот во главниот град, да ја зајакне урбаната инфраструктура и да создаде услови за подобар, поквалитетен живот на скопјани.
Фото: Фејсбук
РЖМ