„Среќен роденден, ти си наша гордост“: Борко Ристовски прослави роденден, сопругата му посвети емотивна порака на овој посебен ден

Добивај вести на Viber

Министерот за спорт, Борко Ристовски, го прослави својот 43-ти роденден, а прославата ја помина во кругот на своето најблиско семејство. Неговата сопруга Нина сподели семејна фотографија од топлиот момент, на која се гледа како Ристовски ја прославува оваа важна прилика заедно со сопругата, синот Душко и ќерката Анастасија.

На фотографијата, се гледа како семејството ужива во ручек во ресторан, обележувајќи еден од најзначајните моменти за нив како семејство. Нина, која важи за поддршка на Ристовски во сите негови професионални ангажмани, објави емотивна порака за својот сопруг:

„Среќен роденден. Ти си моја, наша гордост многу години наназад, да си жив и здрав и да ти се радуваме уште многу. Те сакаме,“ напиша Нина, додавајќи топлина и љубов во својата порака.

Фотографијата од семејниот ручек, на кои се гледа како Ристовски ги прегрнува своите најблиски, дополнително ги разнежија неговите поддржувачи на социјалните мрежи.

Изненадувањето за Ристовски беше роденденска торта со свеќички и декорација со: „Среќен роденден“. Овој едноставен, но емотивен момент ја прикажа длабоката поврзаност и љубовта која ја има семејството Ристовски.

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г