„Добро вече и лаку ноќ” нова песна на Калиопи: Повторно во магична музичка симбиоза со Ромео Грил
Македонската музичка дива Калиопи денес во Белград ја претстави својата најнова песна со наслов „Добро вече и лаку ноќ“ („Добра вечер и лека ноќ“). Со ова издание, таа уште еднаш ја потврди својата уметничка автентичност и непогрешливата музичка енергија која ја следи низ годините.

Автор на музиката, текстот, аранжманот и продукцијата е нејзиниот долгогодишен соработник Ромео Грилл, со кого Калиопи создаде низа незаборавни хитови. Песната носи препознатлива емоција, топлa и интимна порака – токму она по што публиката ја обожава Калиопи.

Нумерата „Добро вече и лаку ноќ“ веќе е достапна на сите дигитални платформи, а фановите можат да го погледнат и видеото за песната на нејзиниот официјален YouTube канал. За визуелниот дел е заслужен Александар Ристовски – Принц, кој создаде елегантен и чувствителен видео запис што совршено ја надополнува музичката приказна.