Една нова Калиопи
Со својот препознатлив шарм и искреност, Калиопи на денешната прес конференција ги најави трите концерти кои ќе се одржат на 14 ноември, 6 и 7 декември. Според најавите на менаџерот Кристијан Стефановски од „Прагма продукција“ интересот на публиката е голем и веројатно ќе има уште еден, но се чека слободен термин.

Калиопи истакна дека е најсреќна кога пее пред македонската публика и секогаш се радува на средбата со новинарите.
-Овој пат, концертот ќе има интимна, акустична атмосфера – ќе биде 100% LIVE, песните ќе добијат нов аранжман и нова емоција. Го имам најдобриот бенд и веќе почнавме со подготовките. Ќе има гости, но не ги откривам засега нивните имиња. Во подготовките многу ми помогна Ромео Грил - истакна Калиопи.

Едно е сигиурно љубителите на нејзината музика ќе го доживеат тоа што одамна го посакуваа – нов концерт, ново доживување, нова Калиопи.
-Во текот на неделава таа ќе промовира нов сингл во Белград. Следуваат нови песни од работилницата на Ромео Грил, како најава на новиот албум во 2026 година.
Лани таа одржа спектакуларен концерт во преполната сала „Борис Трајковски“.С.А.Н
Фото: Вангел Тануровски