Актуелно // Жолта минута
Ова е омиленото зимско јадење на Лепа Брена: Рецепт за невообичаена сарма каква што се прави во семејството Живојиновиќ
Покрај сценските настапи и долга кариера, Брена важи и за вистинска домаќинка која ужива во традиционалните семејни ритуали.
Сцената со полнетиот лист и тенџерето на маса потсети на стара добра зимска традиција — кога целото семејство се собира околу кујнската маса.
Рецепт со зелен лист – алтернатива на киселата зелка
Во фотографијата може да се забележи дека пејачката не користи класичен лист од кисела зелка, туку свеж зелен лист — веројатно блитва или винова лоза, што е популарна варијанта во некои делови на Балканот.
Едноставен рецепт:
-
Зелените листови кратко се потопуваат во врела вода за да омекнат.
-
Филот се подготвува од мелено месо, ориз, кромид и зачини по вкус.
-
Се завиваат во ролни и се редат во тенџере.
-
Се додава вода или супа, малку масло и се варат околу еден час на тивок оган.
РЖМ / М.С.К/ Фото: Инстаграм / Freepik