Додека читала вести, на екранот зад познатата водителка, се емитувал филм за возрасни: По скандалот добила суспензија (ФОТО)
Настанот кој предизвика вистинска бура се случил во живо, додека Лилиќ најнормално читала вести во централниот дневник.
Во еден момент, зад неа – на екранот во студиото – се појавила сцена од филм за возрасни, што предизвика шок кај гледачите.
Сцената останала прикажана неколку секунди пред техничарите да реагираат, но тоа било доволно снимката да стане вирална и да го преплави интернетот.
Клипот со инцидентот се споделуваше со неверојатна брзина, а коментарите беа поделени – дел ја обвинуваа телевизијата за технички пропуст и непрофесионализам, додека други изразија поддршка за водителката, нагласувајќи дека таа не може да биде одговорна за содржината што се емитува зад неа.
Според неофицијални извори, по инцидентот било спроведено внатрешно истражување во рамки на продукцијата, а токму тоа, наводно, резултирало со привремена суспензија на Лилиќ.
И додека јавноста со нетрпение го очекува нејзиното обраќање, многумина сметаат дека Бојана е жртва на несреќен технички пропуст, а не на сопствена вина.
Останува да се види дали телевизијата Пинк ќе излезе со официјално соопштение и ќе стави крај на бројните шпекулации.

Извор: Мондо / Фото: Пинк Принтскрин