Велат дека девојчињата ја земаат убавината на мајка си: Сопругата на Огњен Амиџиќ покажа како изгледа непосредно пред породување (ФОТО)
Сопругата на Огњен Амиџиќ, Мина Наумовиќ е во осмиот месец од бременоста и наскоро ќе го роди своето второ дете.
Иако беше поактивна на социјалните мрежи за време на бременоста со малата Перуна, овој пат одлучи да се повлече од јавноста и да се посвети на себе, на својот мир и подготовките за доаѓањето на бебето и, како што истакнува, тоа многу повеќе ѝ се допаѓа.
Затоа нејзиното нова појавување на Инстаграм привлече големо внимание, особено затоа што, додека чекаше тренинг, одговараше на прашања од своите следбеници во Инста стори.
- Сега се чувствувам подобро кога сум помалку изложена, па затоа ми е поудобно во оваа фаза од животот. Моментално сум во осмиот месец, не се мерам себеси. Се трудам да јадам здраво и балансирано првенствено заради бебето, но си давам и одмор кога ми е потребно. На пример, штотуку јадев кроасан со Нутела.

Таа откри и дека им се остварила големата желба - да имаат девојче. А потоа отворено проговори за разликите помеѓу нејзината прва и втора бременост:
- Втората бременост се разликува од првата по многу работи. Всушност, се чувствувам како да сум бремена по прв пат. Во првата, некако се чувствував полесно и психички и физички, втората е многу потешка, веројатно затоа што помина само една година од првата, а генерално, од искуствата на жените со кои разговарам и жените околу мене, сите велат дека секоја бременост е приказна сама по себе и дека нема две исти - рече Мина и додаде коментар што насмеа многумина:

Искрена, спонтана и духовита, Мина уште еднаш покажа зошто е толку сакана на социјалните мрежи, а коментарите дека е убава во бременоста и дека сјае со посебен сјај не изостанаа.
Фото: Инстаграм
Извор: Story.mk