„Си слушнала ли ти за контрацепција“: Мајка на четири дечиња била нападната во автобус и тоа од друга жена

Добивај вести на Viber

Вознемирувачка сцена во јавен превоз во Врање предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. 

Драгана, мајка на четири деца, била јавно навредена од патничка во автобус, откако влегла со своите најмали, од кои две биле болни и плачливи.

Како што раскажува Драгана, децата биле раздразнети и немирни поради настинка и замор, но таа се трудела да ги смири додека патуваат. Во еден момент, непозната жена со осудувачки тон ѝ доболила: „Дали си слушнала за контрацепција? Твоите деца се твој проблем, не треба сите ние да ги трпиме.“

Фото извор: Википедиа

Мајката останала без зборови. „Не можев да поверувам дека некој може така да се однесува кон мајка со деца. Наместо разбирање, добив навреда. Јас не барав ништо од никого, само се обидував да стигнам дома со своите деца“, изјавила таа за локалните медиуми.

Сведоци на настанот велат дека некои патници се вмешале во нејзина одбрана, повикувајќи на емпатија и толеранција, но дел од присутните само молчеле.

Овој инцидент повторно ја отвори темата за недостигот на сочувство и култура во јавниот простор. Социјалните мрежи се преплавени со коментари во поддршка на Драгана, а многумина предупредуваат дека сè помалку имаме разбирање за мајките и семејствата со мали деца.

„Моите деца не се проблем, тие се мојата сила и мојот живот,“ порача Драгана – потсетувајќи дека понекогаш најголемата поддршка што можеме да ја дадеме е едноставно – добар збор и малку трпение.

Фото извор: EPA