Нова радосна победа на Клиниката за детски болести: Малечкиот Медиан ја победи најтешката битка

Добивај вести на Viber

На Клиниката за детски болести повторно одекна најубавиот звук – победничкото ѕвонче. Овој пат ѕвонеше Медиан, малечкиот, но голем јунак кој храбро ја извојува својата најважна животна битка.

Со насмевка, аплаузи и солзи радосници од медицинскиот персонал, семејството и сите присутни, Медиан го означи крајот на тешкиот период и почетокот на неговото ново, посветло и безгрижно детство.


Од Клиниката велат дека секое ѕвонење на ова ѕвонче е симбол на надеж, сила и победа над болеста, а вчера посебно силно одекнало – како потсетник дека храброста нема возраст.

На Медиан му посакуваме многу здравје, радост и детски смеи кои од денес ќе бидат уште погласни. Нека му е среќен и благословен овој нов почеток.


РЖМ/ИС  - ФОТО: Printscreen