Од болка до надеж: Мисијата на Миа Костова што ја расплака и обедини цела земја

Добивај вести на Viber

Во 2024 година Македонија уште еднаш покажа дека солидарноста и човечноста остануваат нејзина најголема сила. Младиот Леонид Индов, кој доживеа тешка повреда по пад од карпа во Грција, успеа да замине на лекување во Австрија благодарение на донациите собрани од македонската јавност. Голем придонес во хуманитарната акција имаше и инфлуенсерката Миа Костова, која со своето влијание и активна поддршка успеа да мобилизира илјадници граѓани во борбата за здравјето на Леонид.

Во знак на благодарност за заложбата и успешната хумана мисија, Миа доби плакета – признание за нејзината посветеност, но и за заедничката сила што ја создадоа таа и македонските донатори.

Две години потоа, Леонид е добро. Но не ги заборави оние кои му помогнале во неговата борба за живот по тешката повреда на рбетот.

По емотивната средба со Леонид, Костова сподели дека токму од него добила силна животна лекција.

„Една толку емотивна средба, а богами и таква лекција од ова дете кое еднаш само да го видите, лекциите кои ќе ги научите од него ќе ви останат засекогаш. Инаку да, ве поздрави сите кои бевте со мене во идејата да му помогнеме кога беше најтешко. И успеавме во тоа! Сите да ја имаме енергијата на Лео и другари како неговите. Леонид Индов, те сакам“, напиша Миа.

Таа ја сподели и статуетката што ја доби како благодарност, велејќи:

„Моја прва статуетка која нема да ја победи ниту една друга. Фала луѓе“.

Хуманата акција за Леонид останува пример за тоа колку силно може да биде единството на заедницата кога станува збор за спасување човечки живот.

Леонид Индов е талентиран млад човек со големи интелектуални способности. Со својот тим го освои првото место на меѓународниот натпреварна НАСА за развој на апликации (NASA Space Apps Challenge). Особено се истакнува со неговите неговите компјутерски вештини и научни истражувања. 

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм