Фрлете ги таблетките за спиење и поставете го ова растение во домот: Ќе спиете како бебе
Златниот потос (Epipremnum aureum), познат и како „ѓаволски бршлен“, е една од најпопуларните собни растенија – не само поради елегантниот изглед, туку и поради неговите здравствени придобивки.
Научните истражувања на НАСА и Харвард потврдуваат дека ова растение природно го прочистува воздухот, отстранувајќи штетни материи како формалдехид и непријатни мириси.
Поставен покрај креветот, потосот може да придонесе за подобар квалитет на воздухот и мирен сон.

Во фeнг шуи културата, ова растение се смета за симбол на благосостојба и позитивна енергија, а неговата зелена боја внесува свежина и спокој во просторот.
Златниот потос е лесен за одржување – сака индиректна светлина и умерено полевање. Најдобро расте во земја со pH вредност од 6,1 до 6,5 и на температура меѓу 18 и 24°C. Треба да се полева дури кога горниот слој на почвата ќе се исуши, бидејќи не поднесува задржување на вода.
За да биде буен, повремено скратете го под еден јазол – тоа ќе ја поттикне густината и растот. Може лесно да се размножи ако одсечениот дел го ставите во вода, каде за неколку недели пушта корен.
Иако е совршен украс за спалната соба и природен прочистувач на воздух, важно е да се знае дека е токсичен за кучиња и мачки, па треба да се чува подалеку од нивниот домет.
Извор / Freepik