Луѓе што не јадат луто имаат здравствен проблем кој лекарите лесно го воочуваат

Добивај вести на Viber

Во народот често се верува дека оние кои сакаат луто имаат „лут“ карактер – нетрпеливи, нагли или избувливи. 

Но, науката и физиологијата велат сосема спротивното: луѓето кои редовно консумираат лути пиперчиња обично имаат подобра циркулација, потопли екстремитети и поотпорно срце.

Лутите пиперчиња содржат капсаицин, активна состојка која предизвикува чувство на топлина, но и ја поттикнува циркулацијата, ја проширува периферната мрежа на крвни садови и го зголемува протокот на крв. 

Freepik

Тоа значи дека вашите раце и стапала се потопли, телото полесно се загрева, а срцето има помала потреба од екстремен напор за да го одржува балансот.

Освен што се пријател на кардиоваскуларниот систем, лутите пиперчиња го подобруваат и метаболизмот, го намалуваат апетитот и се борат против воспаленија. Луѓето кои јадат луто често се поенергични, со подобар имунитет и повисока толеранција на стрес.

Затоа, следниот пат кога ќе видите некој како со задоволство „грицка“ луто, не помислувајте дека има лош карактер – туку дека има добра циркулација и веројатно топло срце. Лутото не прави луѓе лути, туку живи, витални и – топли!

Извор / Freepik