„Ако имате предмети од Југославија не ги фрлајте“: Архитектите предивудваат дека за 10 години од сега на светскиот пазар тие ќе достигнат огромна вредност

Добивај вести на Viber

Архитекти и експерти по ентериерен дизајн предупредуваат дека еден препознатлив тренд од минатото — ентериерите инспирирани од поранешна Југославија — повторно ќе се врати во голем стил и тоа како симбол на престиж и луксуз.

Според нивните прогнози, токму овој ретро стил ќе биде многу барана естетика меѓу богатите купувачи и колекционери во наредните десет години.


Дизајнот од тоа време се одликува со масивни дрвени елементи, рачно изработени парчиња мебел, специфични геометриски шари, теписи со препознатливи мотиви, старински фотелји, креденци и кристални сервиси кои некогаш биле гордост на секој дом.

„Предметите од поранешна Југославија не се само мебел – тие носат културна вредност и автентичност која веќе почнува да се цени во Европа. Овие парчиња во иднина ќе имаат висока колекционерска цена“, велат експертите.

Советот е јасен: доколку во вашите домови сè уште постојат парчиња мебел, ламби, вазни, теписи или друг инвентар од тој период, не ги отстранувајте или фрлајте. Наместо тоа, вреди да се зачуваат и реставрираат, бидејќи нивната пазарна вредност би можела да достигне вртоглави суми во рок од една деценија.

Овој тренд не е случаен — ретро и винтиџ естетиката веќе е присутна во големите европски и светски метрополи, каде старите елементи се вметнуваат во современи ентериери за да создадат впечаток на уникатност, традиција и стил. 

Македонија, како и целиот регион, располага со богато културно наследство од тој период — наследство кое, како што изгледа, повторно ќе блесне.

Фото извор: ninacudic25 на Мета / Хотел Југославија на Pinterest