Ренато излегол навреме но се вратил да ја спаси Милена: Пожарот во Кочани потсети на љубовта помеѓу Милена и Ренато која беше прекината од пожар во „Контраст“
„Бакнежи“ – тоа била последната порака што Милена Далмација ѝ ја испратила на мајка си. Порака која денес, 13 години подоцна, повторно одекнува со нова сила по кочанската трагедија.
Милена беше единствено дете на познатиот професор д-р Божо Далмација и неговата сопруга, професорка по хемија.
Таа кобна вечер во 2012 година, Милена била во дискотеката „Контраст“ со своето друштво – но и со Ренато Вуковиќ (21), студент по хемија од Кикинда, со кој била во врска неколку месеци.
Нивната млада љубов го направи исходот уште потрогателен. Според сведоштва од тогаш, Ренато имал шанса да се спаси – успеал да излезе од клубот во првите минути. Но се вратил назад, решен да ја најде и изведе Милена. Тоа било последен пат кога го виделе жив.
„Ништо не навестуваше трагедија. Беше обичен саботен ден. Пријателите ми јавија за трагедијата, а брат ми отиде да ја идентификува,“ се присетува Милан Васиќ, братучед на Милена.
Во пожарот загинаа шест млади луѓе – Милена, Ренато, Марина Аничиќ (25), Тамара Миладиновиќ (25), Марко Павловиќ (29) и Зоран Игњатовиќ (28). Кикинда прогласи Ден на жалост. За Ренато, сите зборуваа како за примерен студент, спортист и момче со големо срце.
Денес, кога Македонија ги оплакува жртвите од кочанскиот пожар, јавноста повторно се потсетува на случајот „Контраст“. Иста беспомошност, исто прашање без одговор: како повторно дозволивме млади животи да згаснат?
Трагедиите се повторуваат – а болката и пораката остануваат истите.
Родителите на Милена кои го водат нејзиниот профил, постојано објавуваат песни од групата ДНК, видео записи од нивните изведби и вести поврзани со пожарот во Кочани, што е доказ дека двете трагедии ги асоцираат семејствата како и јавноста на неизмерливата болка по прерано изгубените животи.