Последен продолжен викенд во годината: Еве каде ќе патуваат Македонците
Ако сè уште размислувате каде да го поминете последниот продолжен викенд за оваа година, еве идеја што звучи како совршен спој од атмосфера, гастрономија и кратко патување – Божиќниот базар во Солун, кој се отвора токму во периодот од 6 до 8 декември.
Македонците одамна го имаат Солун како едно од омилените дестинации за викенд-патувања – близок, живописен, со многу опции за шопинг и гастрономија. Затоа овој празничен викенд е уште една причина плус да го посетите градот кој во декември буквално свети.
Божиќната бајка на плоштадот Аристотелус
Годишниот Божиќен базар во Солун и оваа година се поставува на централниот плоштад Аристотелус и по околните улици, со делови проширени и кон плоштадот Дикастирија, веднаш зад споменикот на Венизелос. Манифестацијата официјално започнува на 7 декември 2025 и ќе трае до 5 јануари 2026, но празничната атмосфера се чувствува уште од првиот викенд на декември.
Во срцето на градот ќе ве пречекаат украсени дрвени куќички, топли светлосни декорации, празнична музика и силен мирис на печени бадеми, слатки и греано вино. Организатор е Емпорискиот сојуз на Солун во соработка со градските власти, кои поставуваат околу 39 тематски штандови.
Што нуди солунскиот празничен базар?
Храна и пијалоци
– традиционални грчки празнични деликатеси
– европски божиќни специјалитети
– слатки, чоколади, колачи и локум
– греано вино, пунч и сезонски топли пијалоци
Занаетчиски и празнични производи
– рачно изработени украси
– уникатни сувенири и подароци
– производи од локални мајстори
Забава и програма
– Дедо Мраз и празнични ликови
– детски работилници
– музички настапи
–забавни атракции за најмладите
Базарот работи цел ден до доцна навечер, со најголема живост во вечерните часови, кога светилките го претвораат плоштадот во вистинска зимска магија.
Совршена можност за празнично бегство
Ако барате брз и лесен начин да ја почувствувате европската божиќна магија без долг пат, Солун е идеален избор. Близината со Македонија, одличната празнична атмосфера и богатиот програмски календар прават овој викенд да биде идеален за кратко бегство.
РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Принтскрин/ Јутјуб