Илина Соколовска во нови победи, ќе ги брани боите на Македонија на интернационален натпревар во Будва

Добивај вести на Viber

Најдобрата наша гимнстичарка Илина Соколовска ќе ги брани боите на Македонија на интернационален натпревар (ФАГ). Илина по трет пат ќе ја претставува Македонија на Интернационален турнир по ритмичка гимнастика, што ќе се одржи од 20-23 ноември во Будва, Црна Гора.

Илина со семејството живее во Германија, но овој пат заедно со ФГРСМ ќе ја носат Македонија во Будва на FIG интернционален натпревар, на кој ќе учествуваат повеќе држави од Балкан и пошироко.

На овој натпревар Илина ке се напреварува во сениорска конкуренција.

-Ќе настапам со четири кореографии, со лента, со чуневи,топка и холохоп. Ова е мој трет настап откако почна новата сезона. Имав два натпревара во Бундеслигата, а овој натпревар сезонава е мој прв интернационален натпревар. Моја желба е достојно да ја претставам Македонија, гордо да се вее македонското знаме на ова првенство, ни рече Илина.

Во семејството Соколовски и помалата сестра на Илина, Ева реди успеси. Ева, која исто е е резентативка по ритмичка гимнастика во јуниорска конкуренција во Германија, за жал, пради повреда на раката мораше да го пропушти Балканското првенство во Белград, Србија. Но, вети дека ќе се врати посилна на тепихот на следните натпревари кои ја очекуваат.

Овие две сестри ни ја преставуват државата по ритмичка гимнастика на многу интернациоални натпревари. Илина со овој спорт успешно се занимава 14 години и е една од најдобрите гимнастичарки што ги имала Македнија до сега. Нејзнината сестра Ева веќе 11 години освојува медали.

РЖМ