КАКВА ЖЕНА И УБАВИНА: Џеј Ло со најразголеното деколте досега – „Бомба“ изданието ѝ ја додели круната „кралица на црвениот тепих“

Добивај вести на Viber

„Кажете што сакате, но и нема рамна на тие години на црвениот тепих“, се коментираше на Инстаграм за модното појавување на Џенифер Лопез на синоќешното доделување на наградите „Гувернерс“ во Лос Анџелес. Познатата актерка и пејачка се појави во фустан од Тамара Ралф.

Џенифер Лопез (56) беше најгламурозно облечената гостинка на црвениот тепих благодарение на раскошната тоалета со драматичен крој, со корсет, плишани детали што правеа израз во облик на срце на градите и помпезно здолниште што потсетуваше на фустани од старото, златно доба на Холивуд.

И нејзиниот фустан е токму таков - комбинација од тоалет од некои минати времиња и модерни идеи во дизајнот. Долгите плишани ракавици и секако нејзината харизма придонесоа за гламурот. „Изгледа неверојатно“, „Најубава е“, „Каква жена“, велат од Инстаграм, каде ја прогласија за кралица на црвениот тепих.

Косата собрана во пунџа со елементи на лежерен шик и шминка во природни тонови го заокружија нејзиниот стајлинг, обележан со никогаш претходно изразено деколте. Џеј Ло ги покажа градите до максимум, па дури и ја засени Сидни Свини, која се претстави во ова издание.

И додека многумина ја фалат убавината на Џенифер Лопез, некои истакнуваат дека дивата изгледала доста уморно на црвениот тепих, па дури и ги бројат брчките на лицето и вратот, забележувајќи дека токму на тој дел од нејзиното тело возраста е најзабележителна.

Сепак, преовладуваат коментарите дека Џенифер Лопез приреди вистински спектакл на гала-церемонијата синоќа, во жестока конкуренција.

Фото: Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs