Речиси совршени црти на лицето: Познатата актерка е прогласена за најубава жена на светот според златниот сооднос

Добивај вести на Viber

Велат дека убавината е во окото на набљудувачот, но науката има свое мерило. Според најновото истражување, позната актерка сега официјално може да ја понесе титулата најубава жена на светот.

Тоа е резултат на анализа базирана на грчкиот златен сооднос (1:1.618), древен математички принцип што се користи за одредување на совршени пропорции.

Овој сооднос, кој датира од времето на античка Грција, денес се користи и во естетиката на лицето: се оценуваат растојанијата помеѓу очите, носот, усните, големината на челото и обликот на веѓите. Накратко, тоа е научен рецепт за симетрија што изгледа совршено за човечкото око.


Иако до неодамна се сметаше дека титулата ја држи Џоди Комер, новото истражување на д-р Џулијан Де Силва, козметички хирург од лондонскиот Центар за напредна пластична хирургија, покажа поинаков резултат.

Според неговите компјутерски мерења, двократната добитничка на Оскар, Ема Стоун, има најблиски пропорции до „идеалното лице“.

Ема беше убедлив победник, рече д-р Де Силва.

Таа постигна највисок резултат за обликот на веѓите (94,2 проценти) и импресивни оценки за усните и линијата на вилицата. Нејзиниот профил е речиси совршен - вилица од 97 проценти и совршено избалансирани усни со резултат од 95,6 проценти.


Зендаја и Фрида Пинто беа исто така меѓу првите три, додека Марго Роби, Џена Ортега и Ванеса Кирби исто така зазедоа високи места.

Интересно е што Де Силва забележува дека истата технологија се користи и при планирање на естетски процедури бидејќи прецизно детектира кои пропорции го прават лицето особено привлечно.

Топ 10 најубави жени во светот според грчкиот златен сооднос

*Ема Стоун - 94,52%

*Зендаја – 94,37%

*Фреида Пинто – 94,34%

*Ванеса Кирби - 94,31%

*Џена Ортега – 93,91%

*Оливија Родриго – 93,71%

*Марго Роби - 93,43%

*Ајшварија Раи Бачан – 93,41%

*Танг Веи – 93,08%

*Бијонсе - 92,4%


РЖМ/ИС  - ФОТО: Инстаграм