Баба се подмладила на 73 години во Тајланд: Изгледа подобро од нејзината внука по фејслифтинг од 12.000 евра
Баба (73) одлучила да плати 12.000 евра за фејслифтинг во Тајланд
Лифтингот на лицето е повторно во мода, а приказната што привлече најголемо внимание доаѓа од 73-годишната Памела. Таа со години размислувала за подмладување, но постојано ја одложувала одлуката.
Дури во 2024 година решила да ја напушти Австралија за Бангкок, каде што инвестирала околу 12.000 евра во целосна трансформација во добро позната клиника.
Постапката вклучувала лифтинг на лице и врат, липосукција на подпазувите, корекција на очните капаци и трансфер на масно ткиво за да се пополнат делови од лицето. Видеата „пред и потоа“ објавени од клиниката на TikTok станаа вирални, со коментари во кои се истакнува дека Памела изгледала до 30 години помлада, или дури и помлада од нејзината внука.

Таа призна дека била нервозна пред операцијата, но дека првите резултати ги видела по една недела.
Закрепнувањето на почетокот било непријатно, но напредокот бил видлив од ден на ден. „Жал ми е што не го направив порано“, рекла таа, додавајќи дека имала одлична нега и дека цената на процедурата била три пати пониска отколку во Австралија.
Тајланд е познат со години како центар за естетска хирургија, со илјадници странски пациенти годишно. Само во 2024 година биле извршени околу девет илјади фејслифтинг процедури, а експертите истакнуваат дека покрај поповолните цени, земјата е привлечна и поради големиот број специјализирани хирурзи.
РЖМ/ИС - FOTO: TikTok/ destinationbeauty.me / screenshot