Македонското потекло во срцето на Европа: Јовева застана зад Дијана Хрка на протестите во Белград
Европратеничката Ирена Јовева, која има македонско потекло и важи за една од најгласните претставнички за човекови права во Европскиот парламент, вчера се појави на протестот во Белград со јасна порака: поддршка за Дијана Хрка – мајката која повеќе од две недели штрајкува со глад барајќи правда за својот син Стефан Хрка, кој трагично го загуби животот по уривањето на надстрешница.
Јовева пристигнала на протестот скромно и без политички настап, но со силен човечки став. Таа разговарала со Дијана, ја охрабрувала и јавно порачала дека институциите мора да покажат одговорност и транспарентност.
Присуството на европратеничката доби големо внимание меѓу граѓаните во Србија, особено затоа што ретко високи европски функционери се појавуваат на вакви граѓански протести. Многумина ја поздравија нејзината одлука да биде на страна на семејството Хрка, кое со месеци се обидува да добие конкретни одговори околу несреќата.