ВАЈБОТ НА РЕПЛЕЈ: Започнува нова сезона од тинејџерското ток-шоу – Низ град со Кики
Шпицата за новата сезона на серијалот во фокусот го има Скопскиот брутализам. Ја изработи познатиот македонски режисер Георги Унковски. Во видеото се користени брзи резови, храбри VFX ефекти и вештачка интелегенција, под водство на продуцентот на серијалот Дејан Пановски од Вертиго продукција.
Музиката е авторско дело на артистот Вански, Матеј Ваневски, која е доработена за потребите на серијалот. Првата епизода од втората сезона од серијалот „Низ град со Кики“ ќе се емитува на програмата на МРТ1 во сабота, 22 ноември, во 19:15 часот и на Youtube каналот на Кики Мукаетова. Епизодата е посветена на средношколците и носи наслов: Реалноста зад митовите. Направена е со непосредни интервјуа со средношколци од СУГС „Георги Димитров“ од Скопје.
На тема животот на средношколците, Кики Мукаетова неодамна ја издаде својата прва песна „Loop”.