Kако да го потикнеме природниот талент кај децата
Секоја година на 20. Ноември се одбележува светскиот ден на детето, денот кога официјално во 1989 година е усвоена Конвенцијата за правата на детето од страна на Обединетите Нации.
Во членот 19 од Конвенцијата се подвлекува дека децата имаат неотповикливо право да бидат безбедни и заштитени од физичкa и менталнa штета. Оваа правна повелба осигурува дека ние возрасните ќе ги превземаме сите чекори да ги заштитиме децата во секое време.
Она што мораме да го имаме на ум е дека како родители и старатели играме важна улога во раниот развој на децата и заедно со останатите учесници (градинки, училишта, роднините) имаме задача да се грижиме и делуваме во најдобар интерес за децата, обезбедувајќи правилен раст и развој и целосна благосостојба.

Што се однесува до природниот талент кај децата, имаме потполна одговорност од децата да направиме граѓани со поголеми способности за создавање и учење во општествениот живот. Тоа може да се постигне ако децата се поттикнуваат на напредок, креативност, се инспирираат и охрабруваат да ги развијат своите дарби и карактер. Довербата, охрабрувањето и позитивното вреднување се централни елементи за здрав развој, поттикнување на учење, стекнување на искуства и креативност.
Се поставува прашањето како цениме дали децата поседуваат таленти и што ќе биде мерило. Во суштина, она што го сметаме за особено надарено ќе зависи од тоа што ние како луѓе сметаме дека е вредно и важно за издвојување, како и од нашето општо сфаќање за надареноста во дадено време.
Понекогаш како талент се сметало качување на дрво, а сега вештина во снаоѓање во дигиталниот свет.
Во суштина, експертите немаат јасна слика за тоа зошто некои деца поседуваат повеќе таленти од другите, па имајќи го ова во предвид, можеме да заклучиме дека секое дете е надарено и поседува природен талент кој треба да се поддржува и доразвива.
Кога децата ги пројавуваат своите таленти?!
Кога тие се чувствуваат сигурни во нивната околина, тоа им овозможува да развијат чувство на припадност и доверба.
Подоле неколку совети како да го поттикнеме развојот на природните талентите на нашите деца:
Разговор
Ние возрасните секојдневно сме зафатени со многу обврски и одговорности (така нарачени to do листи) и постојано правиме избор за тоа што нѝ е приоритет во морето на активности. Понекогаш е доволно барем дваесетина минути квалитетно време со децата, без разлика дали станува збор за разговор, игра или нешто по нивен избор. На овој начин покажуваме колку нѝ се важни, но и подобро ја запознаваме нивната суштина и личност. Преку правилно слушање на децата и разговор ја препознаваме нивната индивидуалност, талент и интерес. За поттикнување на квалитетната комуникација со децата, важно е и да се поставуваат прашања, наместо да претпоставуваме што детето нѝ кажува.
Покажување на љубов и наклонетост
Важно е отворено, недвосмислено и јасно покажување на љубовта кон децата. Отвореното покажување на љубов му овозможува на детето да расте сигурно во себе, да ја развива својата самодоверба, но и позитивно влијае врз развојот на интелигенцијата. Родителите подобро ќе ги покажат емоциите кон детето, доколку најпрво ги освестат и препознаат сопствените емоции, но и да го уважат јазикот на љубовта кој нивните деца го препознаваат (некои дечиња сакаат јасно да им покажете љубов, други сакаат квалитетно време да поминете со нив, трети сакаат мали подароци како знак на љубов ).

“Љубовта во суштина подразбира безусловно прифаќање на детето онакво какво е!”
Поттикнување на радоста кон нови откритија
Секое ново откривање, секое ново сознание и освојување на некоја нова способност во мозокот кај детето буди бран на воодушевување. Ова воодушевување претставува гориво за мозокот на детето. Децата кои се чувствуваат сигурно и заштитено, секојдневно доживуваат нови бранови на воодушевување кои се поврзани со позитивни емоции и поттик за следно искуство.
Креативност и радост на создавање
На децата им треба охрабрување и потврда за она што го прават, за да се поттикне желба за игра, за да направат нешто ново и интересно. Родителите, членовите на семејството и наставниците потребно е да потикнат такво искуство.Треба да им пружат прилика на децата да се запознаат себе и своите способности, да им дадат можност да се покажат како водачи во одредена активност, притоа се развиваат длабоки врски со луѓето кои им се важни на децата.
Доверба и сигурност
Довербата и сигурноста детето ги стекнува со задоволување на потребите од страна на тие кои се грижат за него. Секое ново искуство кое го доживува во близина на своите блиски, на детето му помага подобро да го разбере светот во кој живее, подобро да се снаоѓа во околината и му гради самодоверба за впуштање кон нови искуства.
Децата се повеќе подготвени да се впуштаат во нови авантури кога се сигурни во околината, а стравот, несигурноста и немирот можат да предизвикаат прекин во жарот да се стекне ново искуство и напредок.
“Кога имав пет години, маjка ми ми рече дека среќата е најважна работа во животот. Кога тргнав на училиште, ме прашаа што сакам да бидам кога ќе пораснам. Напишав “среќен”. Ми кажаа дека не го разбирам прашањето, а јас им одговорив дека тие не го разбираат животот”-Џон Ленон.
Во знак на одбележување на овој ден, Иуте Македонија го означи и почетокот на Iute Bright Minds Club – активност која ќе прерасне во годишна традиција, посветена на прославување на успесите на децата на нашите вработени.
Ги наградивме нашите први ѕвезди и млади таленти кои годинава постигнаа извонредни резултати во спортот, науката и уметноста и нѝ покажаа што навистина значи труд, дисциплина и љубов кон она што го правиме и нè влече напред.
Ова е уште еден начин за потврда на нашата верба дека секој успех на едно дете е успех на сите нас . Во Иуте стоиме зад нашите луѓе не само како тим и меѓусебна поддршка, туку и за нивните деца, нивниот раст и нивната иднина.
Веруваме дека младите таленти треба да се поттикнуваат, а нивните искри треба да се охрабрат да станат светли умови на утрешниот ден.
Денес, ги славиме нивните успеси, а утре – и сите нови што ќе дојдат.ПР објава
