Вашиот совршен есенски make-up изглед со секогаш поволни производи!

Добивај вести на Viber

Во сезоната кога лисјата паѓаат, најдобрите есенски маке-up комбинации „паѓаат“ и во вашата dm beauty кошничка. Пренесете го вашето расположение со тоа што ќе се шминкате онака како што се чувствувате во моментот! Есенските трендови повикуваат на експериментирање со текстури, нијанси и светлосни ефекти – затоа дозволете вашата креативност да блесне! Застанете пред огледалото, извадете ги боите на есента од вашиот несесер  и магијата нека започне!

 Магијата на есенските бои: медени, чоколадни и  малинести нијанси во фокусот

Оваа сезона се носи балансирана шминка која изгледа свежо преку ден, а со само неколку потези на четката шминката станува гламурозна за вечерно излегување. Совршена комбинација од топлина и елеганција – тонови со нијанси на мед, чоколадо и малина се во тренд. Започнете го вашето шминкање со нанесување на подлога која ја изедначува текстурата на кожата и ја подготвува за шминка. Изберете меки златести  или шампањ нијанси за highlighter, кој нежно нанесете го на јагодиците, врвот на носот и аглите на очите, потоа продолжете со Max Factor руменилото и Maybelline пудрата во прав кои ќе ги истакнат вашите контури на лицето и се совршени за есенските денови и вечерни излегувања.

Очите пак, секогаш раскажуваат посебна приказна, а погледот никогаш не измамува. Изберете нијанса од Alexandar Cosmetics палетата на сенки што ја нагласува вашата боја на очите и создава вистински есенски шарм. Во тренд се сини и пастелни сенки за очи, како и smokey eyes во студени тонови како сива и сребрена или комбинација од двете. Впечатливи очи, густи веѓи и долги трепки потенцирани од маскарата L’Oréal Panorama – тоа е формулата за магичен поглед што плени.

За впечатливи усни,  прво исцртајте ги со MALENA моливчето за усни за да добиете прецизна и убава форма, потоа нанесете AURA матирачки кармин теракота или карамел за интензивен и долготраен ефект. Доколку сакате да експериментирате, пробувајте различни нијанси на моливчиња и кармини сè додека не ја пронајдете вашата идеална боја. А доколку сакате дополнителен „wow“ ефект – додадете еден слој од светкавиот AURA сјај за усни. За совршено фиксирана шминка, комбинирајте камена пудра и фиксатор во спреј за природен, мат или сјаен ефект по ваша желба.

View this post on Instagram

A post shared by dm_makedonija (@dm_makedonija)

Во вашиот dm ве очекуваат голем избор на производи за шминкање, со кои лесно ќе го комплетирате вашиот совршен есенски make-up изглед. Изберете меѓу квалитетните производи од сопствените германски dm брендови или од светски познати имиња во beauty светот – сè по секогаш поволни цени, за да уживате во вашата шминка без компромис! Oваа есен дозволете вашата убавина да заблеска помеѓу ладните и дождливи денови, вие ќе бидете илустрација од топлина и елеганција со квалитетна, секогаш поволна шминка. 

ПР објава