Нова музичка приказна од „Артист бенд“: Љубовта во „Моја посебна“ оживува на екран (ВИДЕО)
Момците од познатата музичка група „Артист бенд“ ја објавија својата трета авторска песна, со наслов „Моја посебна“. Ако судиме по реакциите на публиката, ова е одлична песна во пресрет на новогодишните празници.
Со овој најнов проект, „Артист бенд“ уште еднаш потврдува дека има сериозни музички планови и дека не застанува тука – тие најавуваат и други музички проекти кои ќе следат во блиска иднина.
Музиката и аранжманот се потпишани од Николче Мицевски, а текстот од Марија Спасовска. Видеоспотот е под режисерска палка на Томислав Живкович, кој создава силна визуелна приказна.
„Соработката со Николче, кој го потпиша музичкиот аранжман, и Марија Спасовска, авторката на текстот, беше неверојатно инспиративна. Томислав, режисерот на видеоспотот, повторно успеа да создаде автентична визуелна приказна со силен емоционален печат. Целата екипа покажа голем професионализам и посветеност, а резултатот е нешто на што сме горди. Веруваме дека ова е само почеток и дека во иднина ќе бидеме уште поактивни, подготвени да донесеме нови музички изненадувања за нашата публика. Навистина е возбудливо кога можеме да споиме музика, текст и визуелна уметност во едно целосно и уникатно доживување.” - велат момците од бендот.
Инаку важно е да се напомене дека снимањата за видеоспотот се реализирани на неколку локации како што се: Скопска Црна Гора и Калин Камен во Осоговските планини.
Уште еднаш да потенцираме: Момците не застануваат тука, напротив тие веќе се подготвуваат за нивниот најнов музички проект, а дотагаш уживајте во песната и спотот за “Моја посебна”.