Фолк дивата Анета Љумаковска промовира нова емотивна балада, видеоспот и нов бенд

Добивај вести на Viber

Познатата македонска фолк пејачка Анета Љумаковска повторно ја разнежи јавноста. Овој пат, таа замина во прекрасниот Рим, каде што го сними видеоспотот за својата нова песна „Жена“ – емотивна балада посветена на секоја силна, нежна и чувствителна жена.

„Со огромна благодарност и полни емоции, го најавувам видеоспотот за мојата нова песна „Жена“ снимен во прекрасниот Рим. Ова е песна која ја носам длабоко во себе“, вели Анета, додавајќи дека „Жена“ не е само песна, туку приказна, емоција и сила во секој стих и тон.

Зад ова музичко дело стои вистински тим на уметници и професионалци: Анита Даева – автор на текстот, која преку своите зборови ја претстави приказната на секоја жена што поминала низ предизвици, љубов и болка, но останала силна.

 Дејан Момироски (XL Studio) – автор на музиката и аранжманот, кој со својот препознатлив стил ѝ даде душа на песната и Арт Студио продукција – за креативната визија и професионалниот изглед на видеото, кое ветува да биде едно од најубавите во нејзината кариера.

„Им благодарам од срце за нивната креативност, поддршка и енергија. Без нив, ова дело немаше да биде вака моќно“, открива пејачката.

По успешната соработка со Дакапо Бенд, фолк пејачка Анета Љумаковска официјално започнува ново музичко поглавје. Од 1 ноември, таа настапува со свој нов состав -„Анета Бенд“, со кој ќе продолжи да ја шири својата енергија, емоција и музичка магија на сцените низ целата земја и пошироко.

Ако мислевте дека со песната „Жена“ завршува нејзината нова музичка приказна – се лажете. Во студиото веќе се работи на уште три нови песни, кои ќе бидат дел од нејзиниот нов албум, најавен за 2026 година. За секоја песна ќе биде снимен и видеоспот, бидејќи Анета сака секое дело да има своја приказна, порака и емоција.

Со најновиот сингл „Жена“, и видеоспот снимен во вечниот град Рим, Анета уште еднаш покажа зошто се смета за една од најавтентичните и најемотивните фолк изведувачки на македонската сцена. Нејзиниот глас, искреноста и харизмата ја прават вистинска дама на музиката – жена која со песна вдахнува сила, гордост и инспирација кај илјадници жени.

Новата ера на Анета Љумаковска штотуку започна – а публиката може да очекува уште многу емоции, убавина и вистинска музика од срце.