Отворен повик за македонски дизајнери: Резиденција за зелена и одржлива мода

Добивај вести на Viber

Објавен е повик за македонски дизајнери на мода, текстил и аксесоари да учествуваат во меѓународната резиденцијална програма „Зелена и одржлива мода – Нордиско-балтичката приказна“, која ќе се одржи во Северна Македонија од 21 до 30 март 2026 година.

Резиденцијата е дел од проектот „Green and Sustainable Fashion – The Nordic-Baltic Story“, финансиран од Nordic Council of Ministers, а реализиран од Амбасадата на Шведска во Скопје, во партнерство со амбасадите на Данска, Финска, Норвешка и Литванија, како и со Fashion Weekend Skopje и Македонското модно здружение.

Програмата има за цел да ја поттикне креативната размена и одржливото размислување во модниот дизајн, обединувајќи македонски креативци со дизајнери од Нордиско-балтичкиот регион. Учесниците ќе развиваат заеднички концепти инспирирани од традиционални техники, културно наследство и современи зелени практики.

Повикот е отворен за млади и афирмирани дизајнери со интерес за одржливост, циркуларен дизајн и иновативни материјали.

Повеќе информации на овој линк

Аплицирајте сега и станете дел од зелената модна приказна!