Пакистанска свадба со македонски гости: Фитнес парот Софија и Марио со уникатно искуство во Дубаи

Добивај вести на Viber

Македонскиот фитнес пар Марио Јовановски и Софија Манчева споделија несекојдневно и автентично искуство од Дубаи, каде што беа гости на традиционална пакистанска свадба. Преку фотографии и видеа објавени на социјалните мрежи, тие ја доловија магијата на настанот, кој за нив претставувал вистинско културно доживување.

„Балкански пар на пакистанска свадба во Дубаи, Обединети Арапски Емирати. Благодарен сум за ова уникатно и неверојатно искуство“, напишаа Марио и Софија под објавата која привлече големо внимание кај нивните следбеници.

View this post on Instagram

A post shared by Sofija Mancheva Jovanovska (@manchevas)

Облечени во традиционална пакистанска облека, двојката имаше можност одблиску да се запознае со свадбените обичаи и култура на пакистанскиот народ. Нивниот изглед совршено се вклопи во амбиентот исполнет со раскошни декорации од цвеќиња, богати бои, светлечки елементи и детали карактеристични за пакистанските свадби, кои се познати по својата грандиозност и елеганција.

Пакистанските свадби обично траат неколку дена и вклучуваат различни церемонии, како „мехнди“ вечерта, кога рацете на невестата се украсуваат со кна, музика и танц, како и свечениот венчален чин проследен со традиционална музика и раскошна трпеза. Посебен акцент се става на облеката, која е богато везена и украсена со златни детали, додека секој елемент од декорацијата носи симболика за среќа, љубов и благосостојба.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм