Париско утро со кафе и кроасан: Балканска фотосесија на Елена Петреска во стил на моден едиторијал
Македонската пејачка Елена Петреска, која веќе две години живее во Монк, Белгија, продолжува да го негува својот космополитски стил и љубовта кон патувањата. Париз е една од нејзините омилени дестинации, а нејзината последна посета повторно го привлече вниманието на јавноста и на социјалните мрежи.
Овој пат, Елена ја посети Галерија Лафајет, од каде сподели видеа од впечатливата новогодишна елка, која всушност не е типична елка, туку уметничка инсталација составена од елегантни спирали. Под величествената купола на галеријата, на 12 ноември 2025 година, блесна 16-метарската новогодишна елка, со што официјално беше означен почетокот на божиќната сезона во Париз.

Елката е украсена со црвени ленти и панделки, дизајнирани од позната париска илустраторка која има соработувано со бројни светски брендови. „Божиќна магија“, напиша Елена кратко и емотивно во описот на видеото, пренесувајќи дел од празничната атмосфера со своите следбеници.

Покрај празничните прошетки, престојот во Париз пејачката го искористи и за стилска фотосесија налик на модните едиторијали. Таа позира во свечена црна тоалета, на балкон со препознатлив париски амбиент, уживајќи во француски појадок – кафе и кроасан, симбол на елеганцијата и духот на градот на светлината.
РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм