Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Добивај вести на Viber

Изградбата на она што се најавува како прв и најголем тематски парк посветен на Дракула во светот е на прагот да се изгради во Романија. Проект вреден дури една милијарда евра треба да никне во близина на Букурешт и да понуди целосно импресивно искуство преку шест тематски единици и повеќе од 40 атракции кои комбинираат авантура, приказна и забава за сите генерации.

View this post on Instagram

A post shared by Mentor Milioner (@mentor_milionera)

Паркот ќе биде поделен на шест „светови“. Трансилваниската зона носи ролеркостери, традиционално село, шума и атмосфера што ги евоцира митовите за вампирите. Централното место ќе го заземе замокот на Дракула, дизајниран како дом на легендарниот вампир, со урнатини, лавиринт, езеро и посебна атракција - „ролеркостер со лилјаци“. Во делот наречен Семејно кралство, посетителите ќе се сретнат со различни вампири и натприродни суштества од митологиите ширум светот. Романија ги откри плановите за Дракула Ленд, приватно финансиран проект вреден над 1 милијарда евра (приближно 1,1 милијарди американски долари), кој ќе биде сместен помалку од 30 минути од Букурешт и во близина на меѓународниот аеродром Отопени.

Градот на Дракула е превидено да содржи:

• Тематски парк: 780.000 квадратни метри, 6 тематски површини, над 40 атракции

• Арена: 22.500 седишта (концерти, фестивали, е-спорт)

• Малопродажба: луксузен аутлет (пријавени се над 70 брендови)

• Хотели: 3 хотели, со 1.200 соби

• Вода + велнес: 50.000 квадратни метри воден парк + термален спа центар, над 30 атракции

• Мотоспорт: тркачка патека од 4,5 км

• Технолошки агол: технолошки центар/акцелератор поврзан со иновации и дигитални индустрии

Според официјалната веб-страница, проектот треба да создаде повеќе од 5.000 директни и индиректни работни места во туризмот, технологијата и услужните дејности, додека вкупниот економски ефект во следните десет години се проценува на околу пет милијарди евра.


Отворањето на паркот е планирано најрано за 2027 година, додека цените на билетите сè уште не се објавени. „За мене, Земјата на Дракула е национален проект - симбол дека Романија може и мора да гради обележја, а не само згради или класични проекти за недвижнини“, рече основачот на паркот, Драгош Добреску.

РЖМ
Фото: Принтскрин/ Јутјуб